Пакети за децата (повторен оглас) [МЗИ]

Day 2,981, 05:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Ај добар ден.

Претходната статија во врска со помош при купување пакети имаше катастрофален одзив. Двајца пријавени од кои едниот исполнува услови, другата апликација несериозна и неколку спам пополнувања.

Јас стварно не ве разбирам што ви е сега проблемот? И помошта ли која се дава не ви чини? И во нејзе ли ќе најдете нешто за тролање? Се колевте за тоа дали да има или нема помош, сега кога има никаде ве нема. Не знам што е проблемот изгледа малце ви се видоа парите, или пак мачен ви е системот преку кој се избегнуваат лажните пријави и злоупотребите на парите, а можеби и сите сте опремени што би ме радувало, ама дајте барем кажете да знаеме да не си играме играчки.

Ова е крајно несериозно од ваша страна со месеци да се расправаш, на крајот го добиваш и не го сакаш. Тоа го има само во Македонија.




Правам повторен оглас кој е потполно ист како претходниот само овој пат условите за сила се намалени.

За да аплицирате потребно е да исполнувате одредени услови:

1. Да ја пополнете следната ФОРМА

2. Да го исполнувате минимумот сила по дивизија и тоа во следните рамки:

2.1 Дивизија 1 – минимум 50.000 сила
2.2 Дивизија 2 – минимум 80.000 сила
2.3 Дивизија 3 – минимум 90.000 сила

3. Ќе треба да ги вратите позајмените средства во најбрз можен рок, а најдоцна 30 дена по купувањето на пакетот.

4. Ќе треба да најдете двајца пријатели да ви бидат е-жиранти т.е. луѓе кои ќе одговараат доколку вие не ги вратите парите тие ќе бидат обврзани да ги вратат во касата.

НАПОМЕНА: За да се избегнат малверзации со имињата на жирантите, ќе изготвам групна порака со членот кој ги предложил се со цел да добијам нивна согласност дека го прифаќаат жирантството, за да нема дополнителни рекламации од типот: јас не прифатив тој без да ме праша ме пишал.

5. Ќе постои приоритет за добивање пакети и тоа според следниов систем:

5.1 Прво ќе бидат опремени сите играчи од Д1 кои ќе се пријават и ги исполнуваат условите од погоре

5.2 Останатите места ќе бидат пополнети со играчи од дивизија 2 и 3

5.3 Во случај на спор помеѓу кој да добие приоритет дали дивизија 2 или 3, првичен приоритет ќе има играчот од дивизија 2

6. Доколку за играчот постои сомнеж дека би ги злоупотребил средствата, нема да му бидат доделени средства.




РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е 48 ЧАСА. ПОСЛЕ ТОЈ РОК ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА СТАТИЈА СО ИГРАЧИТЕ НА КОИ ЌЕ ИМ СЕ ПОМОГНЕ И СО ИГРАЧИТЕ КОИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА НИВ.

Почетни средства кои ќе бидат издвоени од буџетот се 300.000 денари со можност за зголемување на буџетот за позајмување зависно од пријавите, ама како е тргнато изгледа и со 60к ќе завршиме работа.

Пријавувајте се и шаутирајте за што повеќе играчи да видат.

Министер за Информирање

akconel