е-Исповедалница [МЗИ]

Day 2,961, 11:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добро вечер.

Иако со претходната статија беше ставен крај на воените активности од страна на владата, сепак ќе речам за жал, очигледно треба некој да не згази како нација и да не плукне во лице за да освестиме и да почнеме да делуваме како тим, зошто меѓу нас СЕ ИЗЕДОВМЕ НАЧИСТО ТОКМУ ЗА ТИЕ КОИ НИ ПЛУКНАА ВО ЛИЦЕ.




Се искаравме и се исколевме за проектот Плуто и нападот над Аргентина. Добро ги паметам зборовите кои беа посочени како главен аргумент зошто тоа не чини:

,,ќе се нарушат добрите односи со Србите кои ги градевме претходните месеци’’

Во овие два дена ги видовме тие ,,добри’’ односи. Јас можеби не бев директно инволвиран за да имам подобра претстава на бојното поле во помалите дивизии ама знам дека Србите СЕ ОТКОРНАА НАЧИСТО против нас и тоа го осетија на своја кожа особено Д2 и Д3.

Ајде некој ќе рече, па цел свет лупаше против нас па и тие. НЕ И НЕ. Овој пат неможе да ме убедите во тоа поради следново кое претставува најтежок удар и тотално непочитување на една земја.

Дојдоа Србите како од планина слезени, нас ни треба регионот во Индија ќе ја напаѓаме Хрватска, УРА УРА. Иронијата да биде поголема, иако, што е така така е, го контактираа Фантом , ЗА ДА ГО ПРАШААТ дека ќе кревале востание. И покрај објаснувањето на ситуацијата дека тоа ќе биде проблем, батињата си кренаа востание, си почнаа да си редат КО, да си пукаат и си го ослободија регионот.

Чекај бе малце кој сте вие племе ваше?

Што ли ќе се случеше ако Македонија го направеше тоа? Каков линч имаше да јадеме па па па.

Затоа сакам да ви посочам во иднина да не се залетувате со такви ликови да играте оро. Ние со нив немаме ни МПП, ни ништо, тенкаат против нас како НЕНОРМАЛНИ, повеќе против нас отколку против Хрватска лупаат и на крај да им се молиме?

Да ставам мала споредба дека многу се тролаше Чиле, за двојна игра и слични политики. Тие барем не трескаат против нас штета како да им зависи животот. Ова го дадов онака, обична споредба.




За Франција не би сакал да коментирам. Ги боцкаа парите, ги истрошија добар дел од нив, сите не ги потрошија оти имаат лудаци кои се бетер од најголемите купувачи на пакети на еРепов во поглед на длабочината на чекмеѓето.
Повторно докажавме дека НИЕДНА ЗЕМЈА неможе нас да не победи без тоа проклето КО. Секоја чест на малите дивизии особено Д2 и Д3.




За крај, би сакал да напишам збор-два лично за моите конфронтации со Македонската јавност.

Би сакал да му се извинам на СЕКОЈ ОНОЈ кој се најде во судир на мислења со мене и на било каков начин сум го нападнал претерано,погрдно, арогантно. Сето тоа го правев ЕДИНСТВЕНО БРАНЕЈЌИ ГО СВОЈОТ СТАВ за одредени конфронтирачки прашања, за кои вие имавте различно мислење од моето.

Мојата желба за докажување и цврсто бранење на ставот и небегање од дискусии придонесуваа да има голема тензија.

Многу ми е жал што се расправавме и создадовме табори во нашата заедница заради држави кои не заслужуваат ни името да им се спомене.

Жалам за сите караници и посакувам во иднина да не се случуваат. Ок, знам дека ќе се случуваат, ама би посакал е-новогодишна желба да бидат минимизирани.

Се надевам дека јавното извинување ќе биде прифатено од оние кои беа најзасегнати во обидите за побивање на моите ставови.




За крај ми останува да ви посакам Среќна Нова Година, среќни и весели празници, па здравје Боже повторно да се читаме во некој нареден мандат, во некои подобри, поубави времиња, за мене, за вас, за Македонија.

Секое добро.

Министер за Информирање

akconel