Македонска чорба [МЗИ]

Day 2,955, 07:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добар ви ден Македонијо.

Каков полу мандат сме издржале, секоја чест поединечно за владините членови кои издржаа и максимално се залагаа за истерување на овој мандат кој е нецелосен.

Во оваа статија ќе бидат истакнати до детал, сите случувања и сплетки кои ни излегоа на патот и ни го спречуваше остварувањето на нашиот првичен план. Не планирам да бидам како 90% од владите кои несакаат да го информираат народот за мислењата и случувањата на нашите сојузници поради идни проблеми. Вистината е таа и народот заслужува и мора да биде запознат.

На самиот почеток сакам да ви напоменам дека ова ќе биде најдолгата статија која некогаш сум ја напишал на еРепов, така да сместете се удобно, уклучете мозокот и читајте.




Уште на почетокот во предизборието се соочивме со големата конкуренција. Алис и нејзините поддржувачи кои јас ги нарекував монополисти, придонесоа да го имаме еден од најинтересните изборни процеси во последните месеци. Жесток ден, тешка но слатка победа на крајот. МОНОПОЛИСТИТЕ ПАДНАА, првата победа беше издвоена. Иако многумина ја оспоруваа победата дека била со мултиња, сепак Плато на крајот ни го додели мандатот нас и впрочем со тоа се докажа дека победата е во рамките на фер борбата.

Не не оставија да се израдуваме како што треба на тешката победа. Веднаш во првите моменти на власт, се појави првиот скандал досега невиден во Македонската е-историја. Објавување статија од страна на МОД весникот со банери со недолична содржина и навреди кон новоизбраниот претседател. Не би сакал да шпекулирам кој стоеше зад таа ниска и подла работа, единствено сакам да му честитам за ,,храброста,, да направи толку ,,смел потег’’, криејќи се зад владин весник.




Следуваше првично потпишување МПП со Мексико. Веднаш се активираа одредени фаци, кои мислеа дека имаат сила да дејствуваат на нас и да одиме по нивниот став, иако ние бевме на власт, а тие не ни беа во тимот. Зошто да се потпише со Мексико, пред 2 месеци не сакале дрн дрн. Заради таквиот наш синдром, кој еднаш ни згрешил да се чкртнува, дојдовме до дното.

После таа работа, му ја кажав на Фантомот дека овој месец не чека ѓаволски тешка работа. Не толку од случувањата во играта и политичките потези на пријателите и непријателите, колку што ќе бидеме на секој чекор пратени и минирани.

Очигледно имам лоша уста и почнав да кобам.

Нешто кратко подоцна следуваше нов шок кој ја разбрануваше Македонската јавност. Закон за ИМПИЧ на штотуку избраниот ЦП од страна на личност која во понатамошниот тек на мандатот се покажуваше и докажуваше за се понестабилна.

Би ја искористил приликата да му се заблагодарам на секој член на конгресот кој не потпаѓаше на провокациите и самоволието на некој поединец кој беше комплетно изолиран од случувањата и раководејќи се според сопствените ставови носеше одлуки кои и штетеа на внатрешната политика.




Се пушти трол закон за НЕ од страна на Грција спрема Македонија од страна на нестабилни личности, впрочем како што и ние самите имаме. Заради навремена вербална интервенција и стапување во контакт со владата од Грција се реши проблемот и изгласувањето на законот не беше можно.




Во политичката кандидатура пред изборите, Фантомот јасно наведе дека се планира авантура во Кина заедно со нашиот најдобар и најверен сојузник Бугарија. Планот уште на самиот почеток беше примен од страна на МОНОПОЛИСТИТЕ како апокалипса за земјата и дека ќе доживее фијаско. Значи, ние мандатот го стартувавме со една јасна цел. Тоа беше да се има активна војна со Кина. Како што одминуваше времето се повеќе и повеќе растеше притисокот спрема нас во поглед на тоа зошто се одолговлекува со планот. Имаше и статија со објаснување од страна на Фантом зошто се заглави таа работа.

Имено, цело време се чекаше на зелено светло и целосна ангажираност и согласност од Бугарската страна за оваа акција. Тие на почетокот цврсто беа заангажирани оваа акција да започне и да се постигне успех. Ние го спремивме комплетно теренот. Стигнавме до граница со Кина, го ослободивме регионот Раџастан, во случај на успешна одбрана од страна на Кина, да неможат да не истераат од Индија, но плановите беа запрени во последен момент. Во еден момент добивме закана од Романија дека доколку се тргне на Кина, нашиот сојузник Бугарија ќе биде нападнат. Несакавме да ризикуваме и да ја враќаме војната на Балканот.




Пред да продолжам понатака сакам да напоменам за еден детал кој мнгоу ми сметаше. Многумина тролаат по шаути или коментари на статии со тоа дека не се нападнала Кина, Фантомот без тоа немаше да тепа дрн дрн.

Дали е ова прв пат ЦПто да има одредена агенда и поради големи тектонски политички неочекувани промени да се смени целата предизборна политика? Прв случај ли е? Има ли потреба да ви го враќам филмот назад? Мислам дека нема потреба.

Сме имале мандати на неактивни ЦПа, ЦПа без никаква програма и сте ги величале, али гледам овој пат мавате ниско со банални ситници.




Следуваше уште еден идиотски закон за НЕ над Кина, и УШТЕ ЕДНАШ СЕ ПОКАЖА СТАБИЛНОСТА НА КОНГРЕСОТ, кој ги слушаше нашите наредби во поглед на гласањето на законот. ПОВТОРНО СЕКОЈА ЧЕСТ МОМЦИ.

Мене искрено најмногу ме погоди што одредени играчи се обидуваа да решаваат работи преку шаути наместо да не контактираат како влада на фин и културен начин. Најголемата ИРОНИЈА ја доживеав кога МОНОПОЛИСТИТЕ кои тврдеа планот за Кина ќе биде самоубиство, по објавувањето дека од тој план нема ништо, почнаа со вербални напади дека се нема јајца, крастајца и останати продукти. Наместо да бидат среќни што ете ние не ја ,,уништивме’’ државата како што тие предвидуваа, тие дополнително и непотребно ги разгоруваа страстите.




Постоеја одредени шпекулации во јавноста дека се спрема диктатура. На крајот за среќа не дојде до тоа. Не велам за среќа дека постоеше можност да бидеме срушени, туку ќе беше ретардирана постапка.




Следна конфронтација беше законот за НЕ од страна на Бугарија спрема Турција. Имено, преголемата желба на Матрим за напад на Турција и потпишување на МПП со Иран и Перу, вклучувајќи и влегување на Бугарија во земја ПРО-Астерија, кои ги разгореа страстите меѓу Бугарија и Чиле беа преголеми. Македонија во тој конфликт остана неутрална.

Благодарение на Грција која веднаш се вмеша и пушти закон со НЕ над Бугарија, ваквата акција беше прекината. Доколку Грција не се вмешаше, Матрим ќе ја лупнеше Турција без мислење со што повторно ќе го вратеше приоритетот на Балканот, наместо тежиштето да биде на друг дел од светот. На овој начин ние ќе бевме повторно на Балкан, решавајќи проблеми со Грција,притоа ризикувајќи да бидеме повторно окупирани со години од страна на нашите најголеми душмани. Ќе добиевме ситуација во која нас ќе не држеа Грците, додека Бугарите ќе беа бришани од Турците.




Следна идеја што се разви кај нас беше наше вмешување во Австралија и троен напад од страна на Индонезија, Чиле и Македонија на УСА. Овој план пропадна поради тоа што бевме известени од владата на Чиле дека планираат да ја затворат војната со УСА, и да бркаат ресурси во Австралија. Доколку отидевме ние во Австралија сами ќе бевме експресно избришани.




Во меѓувреме се спроведе акција за помагање на играчите со одредена финансиска помош при купување пакети. И овој дел помина со мое лично вчудоневидување. Бев шокиран како пред само 2 месеци се водеа жестоки дебати и полемики околу оваа акција на релација мали дивизијии-Д4, а сега кога се спроведува акцијата и се дава пари, малите дивизии ги нема никаде да се пријават. Тоа искрено ми даде простор за сомнеж. Дали на некого му беше досадно и сакаше да прави раздор, вид на забава или не знам, но после акцијата јасно е дека се случувале паранормални работи. Многумина се жалеа на системот. Зошто да има жиранти, премала сума и слично. Па вие батиња како сакавте? Да му се дава на еден човек сите пакети да се фрлат 200к за еден човек и да свириме на тамбура ли? Или пак располагаме со огромен трезор од неколку милиони па несакаме да ги споделеме со вас и ги потрошивме за безцелни работи или пак ги украдивме? Некои работи и до ден денес не ми се јасни и се надевам дека некој би ми ги објаснил.

Се крена голема прашина околу тоа зошто му се дале пари на играч од Нигерија. Во статијата никаде не беше напоменато дека средствата ќе бидат наменети исклучиво само за Македонски играчи. Сите играчи кои ги добија средствата ќе ги вратат во трезорот кога ќе дојде време. Интересно е секогаш тоа што, оние кои немаат МКД ЦС скокаат најмногу за финансиските проблеми на Македонија.




Поради пропаѓањето на преговорите со Бугарија за заедничка акција во Кина, откажувањето на Чиле од воена акција против УСА, се решивме да се свртиме кон друга алтернатива. Воздушен напад во Европа. Додека се собираа средства за авионот активно и внимателно се планираше целта. Пикот падна на Аргентина. Земја која ни должи многу и време беше да се наплатат стари долгови. Се формираше сојуз со име ПЛУТО за таа акција во која покрај Македонија учествува: Англија, Мексико и Шпанија. И овде имаше големи проблеми и препукувања преку шаути. Зошто да им се помагало на Шпанија од една страна, ама од друга страна беше позитивно што ќе ги земеме на клоци Аргентинците. Плус се создадоа конфликти со Нигерија.

Имено, заради нивна внатрешна лоша комуникација се создадоа препирки преку шаути зошто Нигерија е земја на листата за планот врз Аргентина, притоа наводно никој не прашувајќи ги дали би сакале. За среќа ова се реши брзо и без поголеми ескалации на ситуација.




Краток период по изгласувањето на АС законот од наша страна над Франција следуваше повторно закон за НЕ врз Турција од Бугарија. Овој пат циркузот да биде поголем Бугарскиот диктатор го изгласа законот. И по трет пат конгресот покажа организираност и послушност, и не потпадна на притисоците кои се водеа на шаути и ја изгласа правилната одлука. Многумина почнаа да ја напаѓаат владата, дури и на ПМ и на шаути да праќаат невкусни пораки, ама не сфаќаат во главите дека така не се решаваат работи со урлање и дерење и особено јас не планирам да се плашам од одредени фаци тука ако ми пиши со капс лок да се крстам во него.

Ние се одлучивме да не го гласаме законот за НЕ над Грција позитивно од следните причини:

-нашиот АС веќе беше пуштен и изгласан
-не бевме информирани дека повторно ќе има таков закон од Бугарија против Турција
-нивниот МОД се чудеше што се случува

За среќа се успеа во искористување на дупката во механизмите. Имено при промена на диктатор, новиот диктатор може да гласа различно на веќе гласан закон од претходниот диктатор. Така Бугарија го смена законот при претходен извршен притисок. И покрај тоа Грција веќе го изгласа законот за НЕ спрема Бугарија, но веднаш се постигна договор. После 2-3 пинг-понг битки следува закон за мир и ситуацијата ќе се решава на мирен начин.




Планот за Аргентина беше следен: Македонија следува во Франција и го освојува регионите Limousin, Midi-Pyranees и Auvergne и веднаш по добивањето граница со Аргентина пушта НЕ закон. Во меѓувреме Англија слетува успешно во Португалија и почнува забавата. Аргентина е од сите страни сардисана, имено добива 4 НЕ закони, од Македонија, Мексико, Шпанија, Англија. Операцијата завршува со успех. Постигнување НАП на Аргентина со Шпанија и Мексико и нивно бркање од таа територија.

За жал овој план не се спроведе. Англија не успеа да слета, Мексиканскиот диктатор закасни со пуштање НЕ над Аргентина, па бевме приморани да останеме во расчекор во врска со Аргентина. Со Франција беше пуштен закон за мир со нив и затворивме еден фронт. Добивме граница со Аргентина и се пушти закон за природен непријател. Тогаш следуваше кулминацијата и најголемиот удар што играчите и го нанесоа на државата. На крајот успеаа да не скршат и срушат. Честитки.

Имено, играчи од ПРЦ, ХЛ и РФ праќаа закани дека немало да пукаат против Аргентина ако се одело на тој напад. При толку голем број на помош и залагања за создавање најсилни мали дивизии во последнава година дена, на крајот тие да го уценуваат ЦПто и целата влада за одредени акции. Тоа е трагично и поразително за една нација. Се плашам дека во иднина нивната сила ќе почнат да ја злоупотребуваат за сопствени воени желби наместо да бидат во корист на државата.

За да не биде дека зборам на празно ќе дадам слики од пораката каде ни се соопштува ова и тоа кога веќе работата е донесена при крај, и согласностите на единиците за тоа радикалниот потег на бојкотирање:




На крајот ние остануваме во Франција, Мексико доби полна слобода и ја истера Аргентина од таму додека Шпанија сеуште се мачи со востанијата.




На крајот да дадам малце простор за финансиите. Уште на почетокот се повлекоа 50.000 денари за кревање 5 востанија. Се кренаа 4 востанија од планираните 5 и парите кои беа потрошени за тие востанија беа:

Востание бр. 1 – 8.000
Востание бр. 2 – 11.000
Востание бр. 3 – 8.800
Востание бр. 4 – 12.000

Вкупно 39.800 денари. Вишокот т.е. 10.200 денари е дониран во трезор.




Покрај ова се потрошија 130.000 денари од банката за полнење на воздушниот напад. Доколку некој е заинтересиран за преглед на донациите може тоа да го стори тука.




Во акцијата за помагање на играчите со пакети се потрошија вкупно 119.000 денари.

За редење на КО се потрошија следниве пари.

Парите од НБРМ се вратени во трезор целосно.






Од овој отчет толку. Приморани сме заради огромна конфронтација на релација влада-единици ќе ставиме крај на сагата и ќе се повлечеме се со цел за мир во куќа. Од сега па до крај на мадантот, со оглед на тоа дека законот за ИМПИЧ не помина, а нашиот план е миниран, ние ќе се фокусрмаме на задржување на сегашните региони во Франција и Индија и нема да превземеме никакви акции до крај на мандат.

Во моментов има закон за донација во НБРМ, пари кои ќе бидат искористени за кревање востанија, значи до крај на мандатот секој ден ќе имате поедно РВ каде што ќе може да пукате за ТП.

До некое следно читање останете ми со здравје и имајте среќни празници.

Влада на еМакедонија