Субвенции за децата [МЗИ]

Day 2,946, 07:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Добар ви ден.

Како што беше ветено во претходната статија како влада се решивме конечно да извршиме реализација на еден горлив проблем кој долго време беше оспоруван од влијателни и пред се богати играчи исклучително од Д4 кои со сите сили се трудеа да го минираат секој обид за помош на малите дивизи.

Како влада, а и јас како Министер во претходната статија ви ветив дека немам намера да подлегнам на нивните притисоци и ќе го спроведам планот до крај.

Поради бројните обврски кои ги имав околу турнирот кој траеше овој викенд оваа статија доцни неколку денови.




Знаете и вие самите дека моментално имаме 400.000 денари во банката. Тие пари со денешниот начин на војување се трошат за 2-3 мини јаки битки или во најлош случај да помине некој и да ги собере.

Затоа најрационално би било да го следиме примерот на останатите земји кои несебично и недвосмислено го помагаат развојот и напредокот на играчите од помалите дивизии.

Не би сакал да должам повеќе и ќе се префрлам веднаш на објаснување на целиот концепт, условите и обврските на играчите кои би добиле средства.

За оваа акција како влада ќе одвоиме вкупно 300.000 денари. За жал тоа е сумата со која располагаме во моментов. Би сакал да се повеќе, но ресурсите ни се ограничени. Од овие пари се планирани да им се помогне на МИНИМУМ 10 души. Значи МАКСИМАЛНАТА СУМА на пари која ќе се дава на одреден играч ќе изнесува 30.000 денари.




За да аплицирате потребно е да исполнувате одредени услови:

1. Да ја пополнете следната ФОРМА

2. Да го исполнувате минимумот сила по дивизија и тоа во следните рамки:

2.1 Дивизија 1 – минимум 50.000 сила
2.2 Дивизија 2 – минимум 85.000 сила
2.3 Дивизија 3 – минимум 100.000 сила

3. Ќе треба да ги вратите позајмените средства во најбрз можен рок, а најдоцна 30 дена по купувањето на пакетот

4. Ќе треба да најдете двајца пријатели да ви бидат е-жиранти т.е. луѓе кои ќе одговараат доколку вие не ги вратите парите тие ќе бидат обврзани да ги вратат во касата.
НАПОМЕНА: За да се избегнат малверзации со имињата на жирантите, ќе изготвам групна порака со членот кој ги предложил се со цел да добијам нивна согласност дека го прифаќаат жирантството, за да нема дополнителни рекламации од типот: јас не прифатив тој без да ме праша ме пишал.

5. Ќе постои приоритет за добивање пакети и тоа според следниов систем:

5.1 Прво ќе бидат опремени сите играчи од Д1 кои ќе се пријават и ги исполнуваат условите од погоре
5.2 Останатите места ќе бидат пополнети со играчи од дивизија 2 и 3
5.3 Во случај на спор помеѓу кој да добие приоритет дали дивизија 2 или 3, првичен приоритет ќе има играчот од дивизија 2

6. Доколку за играчот постои сомнеж дека би ги злоупотребил средствата, нема да му бидат доделени средства.

РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е 48 ЧАСА. ПОСЛЕ ТОЈ РОК ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА СТАТИЈА СО ИГРАЧИТЕ НА КОИ ЌЕ ИМ СЕ ПОМОГНЕ И СО ИГРАЧИТЕ КОИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА НИВ.




Ова ќе биде прва акција од ваков тип. Моите лични очекувања се дека ова ќе премине во практика. Парите што ќе ги вратат играчите на кои ќе им се помогне првично ќе бидат дадени на други играчи следниот месец. Значи парите ќе имаат активна циркулација и немат да бидат за украс во банката туку ќе имаат корист играчите и пред се државата.

ДОПОЛНИТЕЛНО ОБЈАСНУВАЊЕ

Знам дека голем број на играчи би се бунеле зошто јас да не добијам, а да добие другиот. Тој што прв ќе се пријави, притоа ќе ги исполнува условите, неговите жиранти го потврдат неговото финансирање ќе добијат средства.

Се надевам дека во иднина ќе имаме уште вакви акции.

Министер за Информирање

akconel