ТПП [МЗИ]

Day 2,943, 09:11 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво народе.

По којзнае кој пат веќе мислам дека е 9ти или 10ти небитно ви се обраќам од високо т.е. од фотељата моја која не трпи друго дупе освен моето.

Статијата носи невообичаен и нејасен наслов ТПП. Тоа алудира дека статијата ќе биде поделена на 3 дела:

1. Т - Турнир

2. П - Пари

3. П - Пакети

Да не должиме повеќе да тргнеме во објаснување на точките.




1. Т - Турнир

Како што вчера бевте информирани сите од Плато овој викенд ќе ни пушти нов турнир кој ќе биде сличен на веќе претходен турнир т.е. рушење објекти.

Главната разлика ќе е временското траење кое ќе биде само овој викенд, и секако наградите.

Овој пат за секој срушен објект ќе се добиваат по 2 Rifle Tickets и одреден број на Gift Packs зависно од левелот на објектот кој ќе биде срушен.

Имено тоа ќе биде вака:

2 Gift Packs за објект левел 1;
4 Gift Packs за објект левел 2;
6 Gift Packs за објект левел 3;

Вкупно ќе има 10 објекти за рушење.

Секој Gift Pack содржи:

- 2 голд
- 10 зимски чоколади кои даваат по 50 енергија
- 5 Icy Bazookas

Околу ова толку мислам дека се е јасно, ако нешто не е слободно прашајте во коментар.




2. П - Пари

Кога и да се спомне пари секогаш е потребно обемно објаснување и секогаш има полемизирање особено на Македонските простори.

Во тек е закон за донација на 400к во НБРМ. Се надевам дека знаете за плановите на владата за напад на Кинезите.

Разговарано е со нашите најверни сојузници, исто така се разговараше и со членови на сојузот Астерија околу нивна неинтервенција и немешање во нашата агенда и добивме позитивни мислења и ветувања околу тоа. Ние ќе пробаме и ќе нападнеме, па не дај Боже нешто ако тргне на лошо креваме РВ во Индија и се отцепуваме и пријатно, нема потреба за паника и црни небитни сценарија.

Многумина предвидуваа катастрофа и фијаско на тој план, но како што гледате не сме сами и не ловиме во матно. Се е планирано и се прави чекор по чекор. Затоа апелирам да нема негативна енергија (иако знам дека е неизбежна) и како влада да добиеме потпора од играчите.

Едит
Видовте вчера закон од страна на Грчка према нас за НЕ. Тоа беше трол закон, добивме објаснување и барање на смирување на страстите. Има договор измеѓу нашиот и грчкиот ЦП, да нема војна месецов, но официјално не е пуштено ништо на хартија.

Парите кои се пуштени за донација ќе бидат наменети за спонзорирање со тенкови на малите дивизии, мал дел за КО (ќе се потрудиме воопшто да го нема, но нека биде опција за секој случај), а остантиот поголем дел ќе биде наменет за точката број 3.




3. П - Пакети

Дојдовме до можеби најглавната точка.

Македонската држава се крена од пепелта и резилот кој се ширеше за нашата држава дека сме пропадната земја, загреота, дрн дрн, токму благодарение на малите дивизии. Добивме моќна дивизија 2 и 3, се работи и на Д1, додека за Д4 во тек се планови за поголема организација.

Очекувам да скокнат ,,сиромашните'' Д4 играчи и да се обидат да го оспорат планот на оваа влада за да им помогне на играчите на кои им требаат одреден број на средства за пакети. Уште од сега ќе им кажат на таквите Д4 играчи кои имаат илјадници голд и кои со месеци наназад го кочат овој проект дека овој пат нема да дозволам овој проект да пропадне и да бидам изложен на притисоци и непотребни препирки и ќе одам до крај.

Како ќе се спроведе проектот?

Ќе изработам детален план, ќе биде запазен и најситен детал, за парите да бидат искористени на правилното место.

Чисто да им ставам до знаење на играчите од малите дивизии за да нема забуни и дополнителни рекламации:

ЌЕ СЕ ДЕЛИ ПО ОДРЕДЕН БРОЈ НА ПАРИ НА ИГРАЧИ ЗА ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ СО ПАКЕТИ А НЕ ЦЕЛОСНА СУМА ЗА СИТЕ ПАКЕТИ

Значи, при одредени разговори се дојде до впечаток дека ќе биде подобро да се опремат 10 играчи со по 30к цц кои би им фалеле за да си обезбедат пакети, отколку да се опремат 2ца со по 150к за сите пакети.

Парите кои ќе им бидат донирани, ќе бидат строго доверливи и избрани луѓе. За селекцијата ќе изработам посебен документ каде ќе бидат обврзани тие дечки подоцна да ги вратат парите за да им се помогне и на други. Целта е да се вртат парите меѓу нас со цел што повеќе играчи опремени да добиеме.




Ова беше само вовед во тоа што ќе се прави во наредниот период на ова поле. Чисто да бидете информирани и запознаени. Наскоро ќе биде пуштена статија со официјален оглас за пријавување на играчи. Треба да корегирам и закрпам одредени пропусти кои самиот ги увидов во текот на изработката на концептот за овој проект. Ќе ве замолам за мало трпение и доверба.

Тоа беше се за што сакав да пишам и да ве известам во поглед на овие 3 точки.

Доколку имате некое прашање, предлог, замерка слободно пишете во коментар. Како влада сме отворени за соработка со сите кои имаат издржана идеја.

Министер за Информирање

akconel