Бот или претседател - што ке одбереме овој месец?

Day 1,378, 10:05 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Иста песма само друг изведувач

За почеток статијава е мое лично мислење за и околу претседателските избори...
Секој месец гледаме разни кандидатури од кои потоа не останува ни К на крајот а убави зборови остануваат само како дел од Back UP датабаза на еРепублик.

Економија како најболна точка е секогаш една од најважните сегменти у играта. Зарем толку не можеме да пробаме нешто ново?
Предлог е даден да се скине рефунд и да се намалат даноци ајде да го направиме тоа па ке видиме каков ефект ке биде зборови ке се намали инфлуенс, нема да маваме и такви работи не важат додека не проваме бар еден месец и да видиме како ке оди....
Рефундот делува негативно на пазар и го држи WRM и Тенкови на константно висока цена, тоа се должи на купување од страна на единици на производи директно од пазар и неинвестирање во сопствена инфраструктура.....
Високата цена пак директно влијае на конкурентноста на Македонски производи во светот.
Јас само едно ке кажам не ги заборавајте играчите кои се обични цивили тие се нашата сила без нив сме ништо, затоа секој кој ке се кандидира нека обрне внимание за цивилите да го зголемиме нивниот број и да ги задржиме у игра. Како што реков порано ние сме касно додадени и нашата најголема сила треба да биде бројноста на население.

Министерство за Надворешни работи е исто важен сегмент. Жално е кога гледаме дека сме у сојуз со држави кои ни пружаат помош само кога ке почнеме да плукаме по нив. Ја не знам точно колку играчи имаме како представници у ОНЕ но по еден лог изваден пред некое време у статија дел од нив се голем феил. Додека го напаѓаа нашиот голем сојузник Турција ни збор не кажаа во нивна одбрана, таа линија на помал отпор воопшто не ми се допаѓа. Затоа идниот претседател нека си направи тим кој нема да витка кичма и ке ги брани интересите на Македонија и нашите пријатели. Мислам дека задните денови се виде кој ни е пријател и од кого може да очекуваме помош во секое време.

МОД тим соберете лидери на единици само тие може да си ги контролираат војниците, помошници у МОД тим не треба да има туку само представници кои ке даваат наредби на арми канал. Секој еден кој седи на арми канал сигурен сум дека порано или подоцна ќе се запраша зошто седи таму кога дел од војниците си идат и испукуваат по цело здравје од еднаш додека тој чека наредби. У ред е тоа еднаш да се случи заради немање време или од страна на оние што тенкаат али тоа не е така. Значи некој доаѓа и чека наредби додека друг доаѓа и испукува се од еднаш само да го има у топ 5(ФФ ке повторам не тенкање)


За другите министерства нема да коментирам зошто мислам дека некои од нив станаа само декор со новите измени, постојат колку да ги имаме.

Така да очекувам конкретни планови од сите кандидати а не само површни колку да се напише нешто заедно со нивни тимови и зошто баш тие луѓе ги одбрале да бидат у нивен тим....