Никако да научиме....

Day 1,367, 06:34 Published in North Macedonia Poland by kojoti2



Статијава не ми е со цел да плукам туку да повторам нешто што одамна го зборам и нешто кое нашата влада никако не сака да го научи. Значи зборам одамна ако не знаете како да раководите со нашата еДржава учете од земјите кои се главни сили во овој момент на еРепублик. Концептот на игра е таков во моментот што мора да се менува тактика нон стоп за да се прилагодиме на ситуација во која се наоѓаме моментално. Една од причините заради која губиме е намалување на нашата бројност значи од држава во која имавме голема бројка се срозавме на многу мала бројка, главен адут ни се тенковите (секоја чест за нив) и во нив се крстиме цело време.

Еден пример само замислете владата да спонзорира играчи кои дневно ке им расне ранк да речеме дека се стотина, значи да земеме прозиволна бројка од 100 играчи, со секое кревање ранк ним им се зголемува ударна моќ за 5% . Кога ке се удри математика тоа баш и не е мала бројка, е сега замислете на тенковите да им досади играта и да се откажат?
А замислете од тие 100 играчи барем 50 да останат активни?
Со тек на време ке станат сила која ке може да парира на армиите од соседните држави со кои сме во војна.

МОД-от треба комплетно да се реорганизира и учество треба да земат команданти од единиците а не да се прави МОД-от по потреба на претседателот и да се ставаат играчи кои немаат никаков авторитет во единиците. Мислам дека со влагање на Командантите во МОД многу работи ке се променат.

МОД-от и командантите треба да се искористат за правење команда на цивилни единици кои ке се стават на располагање во случај на потреба и на кои ке им се дели државни тенкови од страна на логистика која претходно ке се оформи како дел од МОД тимот.

И за на крај мислам дека е редно за нов BABY BOOM за оваа мора да се активира Сарметина (да оној истиот што многумина го напаѓаа а кој е засужен за многу од нас што денес сме активни од играта) а и секој друг што може да помогне.

Редно е да ги замениме мулти акаунтите (кои за жал се намножија во огромна бројка) и да сватиме дека може да победуваме само ако сме бројни. Нашата моќ како еДржава која е додадена многу доцна треба да биде бројност и активност што повеќе активни играчи тоа подобро.

За крај еден апел до владата инвестирајте во цивили тоа е нашата најголема сила…
И ако не знаере како учее од други и дипломатија,стратегија,економија и се друго што е потребно..

Поздрав
Којоти2