Империја со скршени крилја.....

Day 1,349, 05:54 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Статијата е долга, нема слики и е мој личен став....
Има уште многу да се пишува оваа е само дел од мои согледувања....


Многу плачење и кукање те овој ни е крив, те наредби не се слушале, те на одмор играчи биле, рефунд систем не бил добар и така натаму, се наслушавме разни глупости овој месец-месец кога на нашата империја и ги скратија крилата(сега се на ред и нозете да ни ги скршат)....

Е сега гледам многу кандидати за идни претседатели кои од X причини сакаат да рипнат во огинот, за некои имам почит за некои не секој си го заслужува своето со онаа што го имаат направено до сега за Македонија.

Значи по ред

Имаме многу играчи кои верувам дека моѓат да ја оправат играта и кои се заинтересирани и за политичкиот живот мене лично тој модул не ми е интересен се одлучив да бидам војник и го унапредувам профилот на тој план заедно со ПанзеР единица.

Имавме многу грешки у минато (за кои некои велат дека треба да се заборават) кои не треба да се заборават и треба да учиме од нив.

Апулија

Прва грешка што ја дадовме на Србија, дали некој имаше некоја корист од тоа тоа никој никогаш нема да го дознае. Во тоа време освоивме 2 региона од Хрватска и се повлековме давајќи го регионот на Србија што за мене беше погрешно туку требаше нашата дипломатија да направи мир со Хрватска исто како што направи Србија кога бевме у Доминантна позиција. Оној што победува поставува правила на игра во своја корист со противничката страна така требаше и ние да поставиме услов да не се напаѓаме со Хрватска и ке беше се полесно. Имавме освоено 2 нивни региона а им претеше опасност и од Унгарија која исто можеше да ја нападне. Се уште ми се вртат муабети не се секирајте ке ја вратиме Апулија е ај вратете ја сега.

Египет и Саудиска Арабија

Ги ослободивме за некој друг да ги земе па ние сме бетер и од црвен крст, даваме региони на држави да си ги освојат и по цена на губење на ресурси (кои се од витално значење за напредок на држава на економски а со тоа и на воен план пак ке кажам ако не знаете што треба да правите гледајте ги Србија и Полска не се луди тие што нон стоп држат 10/10 ресурси).
Е сега кога видовме дека од Апулија нема ништо Француска си ја зедоа Полска и Унгарија се сторивме пишман и право на Кипар пу пу не важи си ги сакаме регионите назад. Со тоа си направивме уште еден непријател кој нон стоп ни прави сопки видете само колку RW ни дигаат. Не дека ги оправдувам во нивното тролање но ако некој дојде и на нас да ни побара региони јас верувам дека ни и бетер би постапиле подсетете се само што бидна кога FIB од Србија не нарече со погрдната референца.

Словенија

Каков е тој сојузник што само чека да грабне нешто од нас кога ни е најтешко?
Тие преживуваат и грабаат региони како лешинари, се што ние губиме тие освојуваат позади нас. Не ли ви личи на иста тактика што ја направија Инчи?
Таков сојузник кој граба од нас кога ни е најтешко мене ама ич не ми се допаѓа....

Француска

Потпишавме мир со неа иако сме појаки, во ред у тој момент мирот ни одговараше но не засекогаш. Требаше дипломатија за да земеме некој регион од таму тоа ни беше единствена алтернатива кога бевме у Италија. Полска и Унгарија имаа кај да се шират но како и секогаш Македонија остана задно дупче на кавалшето. Франција си ја освоија Унгарија и Полска на пат да си прават кеифови по Америка додека ние дремевме у кафез.

Ако толку сме јаки и се слуша нашето у ОНЕ зошто не се договорија со Србија да се затвори граница со Грчка доле за да може на мир ние да се шириме кон Француска па и да ја нападнеме Хрватска заедно со Унгарија?

Најголем проблем у востанија имавме токму од Хрватите....

Оваа е само дел од глупости што направивме (според мене) во минатото можеби некој ке се сложи со мене можеби не но оваа е мој личен став. Изгубивме месец дена гасејќи RW у Грција додека другите се ширеа и јачаа преку NE и ранк и сила и си јачаа економија. Дури и Грците го искористија тој месец да се преселат по други држави (некои дури и кај наши сојузници) си направија залихи и сега го гледаме резултатот, полека ни ги сечат крилата и за онаа голема империја што ја имавме ке моѓе да се подсетуваме само преку принт скрин ако е останат некој....


Поздрав Македонијо
Којоти2