За оние што не знаат

Day 1,316, 07:57 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Уште многу одамна кога почнав да играм стратешки игри научив за да имаш успех у стратешка игра треба да ги знаеш четирите сегменти кои ќе те доведат до победа.

Тоа се

-Стратегија
-Тактика
-Политика
-Економија


Се надевам дека постарите играчи кои се заразени со стратешки игри се сеќаваат на оваа...



Стратегија



Секогаш се прави долгорочна и краткорочна стратегија се со една цел да се стигне до победа. Се прават разни калкулации и се предвидуваат разните исходи кои тие калкулации ќе ги предизвикаат. Посебно у мулти плејер игри потребни се неколку стратегии за да се стигне до целта а тоа е доминација и победа.

Тактика



Taктики се прават дневно е се важен дел од секоја стратегија, при секоја ненадејна промена се менува тактиката за да се прилагоди стратегијата кон новите промени.
Некогаш е можно и тактичко губење и тоа е дел од стратегија (краткорочна) за да подоцна го нападнеш противникот ненадејно и да го изненадиш (мислам дека грците го прават оваа у овој момент).

Политика



Исто важен сегмент особено кога се работи за сојузи, Сојузите се оформуваат за окрупнување на борбената моќ и пружање заштита меѓу членките. Сепак секоја членка си има одредена цел или стратегија зацртана пред влегување у сојуз. Колку таа стратегија ќе доминира во сојузот зависи од умешноста на представниците за преговори и наметнување наинтерсите на земјата што ја представуваат.

Економија



Најважен сегмент за оваа мислам дека и не треба да се објаснува, за да водиш војна потребно е економски да си јак. Колку посилен е играч економски толку повеќе може да војува и да освојува. Можеби оваа е и најважен сегмент у секоја стратегија бидејќи мислам дека погорните сегменти највеќе зависат од економија. Колку си појак економски толку повеќе ќе те почитуваат.

Поздрав Македонијо