Избори за Конгресмени...........или ботови

Day 1,311, 09:45 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Инспирација за оваа статија ми дојде гледајќи ги многуте шаути гласајте ме за конгресмен јас сум најдобар, Програми јас ќе променам оваа или онаа, се ќе биде подобро само мене изберете ме.

Интригиран од силните ветувања прашав неколку бивши конгресмени што точно се работи на конгресниот канал, има ли некаква дебата, предлози кои претходно ги дале во своите кандидатури. и дознав дека ништо нема од тоа и дека на конгресниот канал биле среќни ако се соберат 7-8 души.
За предлози им доаѓа министер и имадава задача пуштете таков и таков закон и гласајте за, од дебата нема ни Д.
Значи ние всушност гласаме за ботови, нека не ве залажуваат силните шаути, програми и други глупости повеќето од нив (како што ми кажаа) нема ни еднаш да влезат на конгресменскиот канал а не па да дадат некој предлог.

Гледајќи ги кандидатите да ви кажам право некои играчи ги гледам прв пат иако сум он лајн дневно по 15 саати мислам дека некои од нив не знаат ни како да влезат на каналот #еМКД.

Особено ми е интересно плаќањето гласови, јас никогаш не би дозволил некој да ме купи се знае кој се купува со пари (да не спомнувам да не биде избришана статијата).

Затоа кога ке дојде ден за гласање јас мојот глас ќе го дам за оној играч за кој сигурно знам дека е барем активен и е он лајн, кој знам дека ке каже барем збор два на конгресменскиот канал, ке даде некој предлог итн.

Размислете и вие за кого ќе го дадете својот глас, прашајте ги оние што сте ги бирале порано што имаат направено за време на својот мандат и не дозволете да ве купат како …. со неколку тенка или МКД.

Поздрав Македонијо