Апулија, региони и ветување на некој си пувле

Day 1,304, 08:12 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Македонија - 5 ресурси 34 региони
Србија - 8 ресурси 17 региони
Унгарија - 4 ресурси 15 региони
Полска - 9 ресурси 34 региони
Шпанија - 5 ресурси 28 региони
Шведска - 7 ресурси 21 регион

Вака изгледа моменталната ситуација во нашиот сојуз, од горната слика може да видите зошто се е поевтино у Полска и Србија и зошто имаме прекупци кои купуваат од таму место ситуацијата да е обратна да се купува од кај нас и други да оставаат голд во Македонија.
Е сега имаме и ние шанса да повржеме региони и да направиме поголемо производство но го дадовме регионот Апулија на одредено време. Колку е тоа одредено време - недела? месец дена? година? тоа никој не го знае и се уште нема одговор на оваа прашање. Освен одговор што прочитав у некоја статија дека некој пувле дал ветување дека ќе го дадеме регионот. 😒.
Ветување у чие име?
Дали некој ве прашал вас обични играчи дали се сложувате со таа одлука?
Не, вие сте потребни само кога треба да гласате и да им го дигате егото на пувлевци да се осеќаат големи на една он лајн симулација.
Така да продолжете да ги величате кога не можат у РЛ нека почувствуваат што е моќ барем на игра.
Оваа е отворено прашање кое мислам дека ги засега сите играчи и сакаат да го знаат одговорот.

КОГА ЌЕ ЈА ВРАТИМЕ АПУЛИЈА?


ПС ако некој се препознае у статијата -- НАМЕРНО Е.