Да спамнам малку и ја

Day 1,257, 07:12 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Ајде после долго време да објавам и јас една статија, знам дека ќе буде избуткана за кратко време но мене не ми се важни медаљи па кој прочита прочита кој не здравје.

Одиме по ред

Статии

Моментално не има 14 000 жители цифра ако не ги броиме умрените и мулташите кои ги имаме доста. Секој ден сме пребукирани со сто статии за глас и суб и знам дека желба на секој играч се 5 голд кои се добиваат за 1000 Суб-а. 5 голд не изгледа многу но ако се земе предвид дека сме 14 000 играчи и ако се помножи со 5 се доаѓа до голема бројка. Е сега видовме дека еден играч може да заработи 1000 суба на ден ако сакаме, значи од проста мрзливост играчите не стискаат суб туку чекаат да се појави некоја статија кај се донираат некои 3-4 лебчиња и како просјаци даваат суб како тие 3-4 лебчиња кој знае колку ќе ги дигнат.
Затоа прво правило е да се научи да се даде суб на секој весник излезен за да може да го зголемиме голдот у Македонија.


Шверцери

Со новите правила добивме и ваква категорија на играчи да објаснам накратко се менува денари за голд преку маркер, се оди у земја кај што е поевтино, се менува голд за локална валута, со орг се купува происвод што е поевтино, се префрлува на профил и се продава за денари. Денари потоа одат пак на маркет и така у круг. Доволно е да имаме сто вакви шверцери по 10 голд секој ден тоа е 1000 голд надвор од Македонија. И после голдот е скап е па скап ќе е ами како.
Затоа и еден апел до некој иден министер да обрне внимание на конкурентност на еМакедонија во иднина во однос на други држави да се издава статистика ако има начин со колку фирми располага еМакедонија, колкава плата е за секој скил просечна за секој скил и други работи во однос на други земји.




Војски и Паравојски

Се нагледав планови некои подобри некои полоши но во ниеден план не видов нешто многу значајно за да има квалитетна војска а тоа се фирми.
За да има квалитетна војската треба да е наоружана и да има да поврати здравје а за тоа се потребни фирми. Да собереш 40-50 души со по една Q5 лебара и тенкара и да мислиш дека така ќе имаш да маваш нема логика.
Со таква бројност не може да се произведе доволно за да има да се подели на сите освен еднаш у 3-4 дена и тоа ако цена на raw е добра.
Државата ни слабо стои со голд така да правење на војска треба да почека некои подобри времиња ако дојдат.
Значи таква војска ке зависи од донации ако и се даде нешто од страна ќе мава ако не нема да мава.
Оваа е мое мислење и не дека војската не ни е потребна, ни треба и тоа како само во овој момент нема средства со кои може да се направи квалитет.

Еден апел до крај до сите оние што веќе имаат инфраструктура т.е фирми а ги има, голем број на играчи накупија фирми кога беше попустот. Не се скржавете и бидете солидарни, соберете играчи да ви биде занимливо правите паравојски и научите да го делите онаа што го имате не секој има пари да отвори фирми. Еден профил не ја прави играта големо чудо ако ве има секој ден у венец и сте BH оваа е игра на колектив а не на единка. Утре може ваш профил кој прави голем инфлуенс ќе згасне т.е ќе се откажете но може оние што сте им помогнале бар пола ќе останат и ќе бидат движечка сила која ќе одлучува во битките.




Поздрав Македонијо