Предавници и патриоти

Day 1,235, 23:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Пред некој ден, два во оваа статија бев наречен ни помалку ни повеќе - Предавник! Зошто предавник? Затоа што тотално неорганизираната власт дава наредба во која вели „Да се пука во Италија“ и „Да не се пука во Италија“ (за беља не можам да го најдам артиклот, ама сите ја видовме наредбата). И јас имав 100 здравје + оружје дадено за акции, па сметајќи дека треба да се пука во Италија, направив колку што можев - 16к ифлуенс. Е тука била цаката. Во конфузната наредба подолу стоело образложение дека требало всушност да се пука против Македонија, т.е. на страната на Италија... Е тоа - признавам, не го прочитав. Сметав дека Италија дигнава востание и треба да се загуши. Имав 100 Хелт, оружје и куќа која секако ми брои нов хелт, 7-8 сабајле беше, па постапив по инстикт... И од некој Махер, добив јавно жигосување ПРЕДАВНИК. Да појдеше на МаксиХелас да видеше дека имам направено преку милион штета за Македонија можеби ќе се замислеше над зборот кој го употребил. Но, тој донел заклучок врз основа на недоразбирање... Пеки. Така нека е - Мето е предавник, Махерот е Патриот. Патриотот подоцна кога го искритикував во неговиот весник, притоа користејќи делумно вулгарна фраза, ме пријавил... Онака патриотски, пријавува Македонец кој може да направи и по 30к инфлуенс на ден, во надеж дека ќе биде казнет... И така бидна, плато ми пиша форфејт... Е добро пријателче... Барала шута рогови, ги изгубила ушите. Објавувам дека додека јавно не се извиниш во својот весник што избра кој да биде предавник а кој патриот - моите 30к инфлуенс ќе мируваат. Јас онака предавнички ќе си влегувам еднаш на ден, ќе изработам и ќе си излезам. Пукањето на бојното поле ќе им го оставам на патриотите како тебе. Видете малку раат од нас „предавниците“ - ете, нема да ви ги мрсиме сметките - т.е. нема да се бориме. Водете војни, тепајте дај Боже да жнеете успеси. Кога ќе пораснете, кога ќе сфатите какви зборови и кога користите, пробајте тој тешкиот збор „извини“ да го кажете. Дотогаш Мето е во мирување од сите воени акции, бидејќи како предавник не сака да и наштетува на Македонија!

П.С. Ги повикувам сите жигосани „предавници“ (имаше најмалку 5 души), да му помогнат на патриотот и да не војуваат, за да не и правиме беља на Македонија.