Отворено писмо до Претседателот..

Day 1,234, 00:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Сосема сфаќам дека не ти е лесно. Прв ден, војна. Ама во војна не се оди со копјето напред... да не кажам што мислев под „копјето“. Во војна се оди со план. Каде е планот? Која паравоена единица за која рунда, во која битка е одговорна за оджување на ѕидот? Кога АРМ мава и каде? Прв ден во војна настана невиден хаос. Во Србија зедовме 2 битки - во договорено востание за враќање територија! Да, да... Во договорено востание... Камо команда за народот, камо ловци кои пишуваат писма на оние кои маваат? Мислеше дека е доволно што Бугарите војуваат на 4 фронта? Заборави дека и ние сме на 3? Заборави дека нема Бугарите ни со прст да мрднат против Србија - затоа што секако им е изгубена? Е мој претседателе... Копјето напред, и „мавајте по Бугарите“... Тоа НЕ Е ВОДЕЊЕ ДРЖАВА. Имаме нешто 5-10 минути да се организираме и да пробаме да ја земеме Софија во последен момент... Иако не ми се допаѓа идејата да мавам на своја рака. Ама кога претседателот спие? Што тогаш?

Не би предјуцирал, ама хаос од прв ден повлекува инпичмент. Со среќа!