За ситни душички и за претседателските избори

Day 1,231, 16:38 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Првин да се заблагодарам на сите што me оговарале на еМКД ако нешто имате против мене пишете слободно ќе пишеме јавно што толку лошо имам ја сторено.

Во оваа прилика сакам да го поздравам и дечкото со купен акаунт(ќе се препознае) и да му порачам дека не треба толку да се жешти затоа што со првиот акаунт не му дозволивме да влезе у ПанзеР. У тоа време имавме соработка со негова единица а јас да зимам членови од луѓе кои ги сметам за пријатели немам намера така да нека продолжи да плука слободно.

Не пробувајте залудно да го рушите панзер, намерно пуштаме пропаганда за да видиме колку залутани имаме внатре и што од нашите муабети ќе се чујат надвор. Што е ветено на членови и регрути тоа е и остварено, никој никого во Панзер не држи со сила. Се што даваме е кажано на секој член и регрут пред да влезе у единица. Ни еден член ни регрут нема платено ни еден МКД за да влезе кај нас.


Малку за претседателски избори и за човекот за кого јас ќе гласам.
Утре на избори Индија ќе биде кандидат што ќе го добие мојот глас, не затоа што сме од иста партија туку затоа што мислам дека заслужува да му се даде шанса да покаже што може и што знае.

Зошто шанса?

Затоа што е време за промени, затоа што до сега нема направено ни една ујдурма за разлика од некои. Затоа што треба да имаме и нови играчи кои треба да стекнат искуство,видовме како Струмјанин го стори тоа многу добро, место да се понудите да му помогнете посебно постарите вие уште не избран почнавте да го обвинувате и напаѓате.

Старата гарнитура( не сите туку одредени) треба да си оди и да пушти нови сили.

Еве зошто:

Прв случај
Дечко зима голд за да кандидира играчи за конгрес кога излегува случајот во јавност следува канонада од напади дека се е монтирано во фотошоп.
Кога се јавија повеќе оштетени играчи следува следна канонада од навреди и напади дека ако еден зел не значи дека сите се такви.

Втор Случај
Војна со Бугарија спискани 13 000 голд (може и повеќе кој знае). Извештај никогаш не видовме али видовде како се билдаат одредени акаунти ненормално брзо. Ако прашаш за извештај стануваш државен непријател број 1.
Затоа се надевам дека ако Индија или било кој друг бидне претседател ќе побара извештај и тоа 3 месеци уназад со донации од сите државни институции.
Кога ќе излезе таков извештај (официјален) на многу ситни душички ќе им се затворат устите.
Секако кога се праша за извештај следуваше исто така канонада од навреди за на крај пак иста приказна ако еден направил така не значи дека сите се исти.


Е сега некој да се труди да направи нешто а некој да си ја користи еМакедонија како приватна фирма нема да може. Се додека играм оваа има нон стоп да го потенцирам а оваа не се единствени случаи има уште многу.Најмногу што сум мразел како у реален живот така и тука се преваранти и лопови.

Јас не можам да се начудам како можете да величате некого кој си нашол брз начин да напредува на ваш грб. Да величаш некого што пред очи те краде мора да ти фали нешто у глава. Оставете партии и мачкање направете нешто сами со свој труд и јас прв ќе ве пофалам.Јас и натаму ќе си останам во опозиција дури и ако некогаш победи МНФ ќе се пребацам пак у некоја опозиционерска партија. Добри идеи ќе подржувам и ќе пофалам,лоши работи ќе ги изнесувам јавно. Уште одамна, ако се проверат моите стари статии ќе видите, има моја изјава дека нема да се кандидирам никогаш за ништо не затоа што не можам туку затоа што мене приоритет ми е да сум војник.Тоа и сум денес како дел од Панзер единица која работи одлично, кога има панзер ќе помага на еМакедонија кога немаме ќе се снаоѓаме како знаеме и умееме но да не подплатува некој за да паднеме у сенка и да станеме безгласни ботови нема шанси. Јас не сум пишман аџија како некои да менувам мислење секои два дена.

И за крај за сите оние кои сакаат ММ медал, не се трудете толку со линкови и глупости правете како што прават повеќето со огромен број претплати и гласови. Не дека многу ги сакаат туку си плаќаат и гласови и субови овде:

http://erepublik-market.com/voters.html

Газиме (посебно ситни души).