Вести од еСветот [Мин. за Информирање]
Ministerstvo za Informiranje
Вести од еСветот
Изминатава недела немаше особено важни вести од е-Светот, кога во прашање се интересите на еМакедонија.
Сепак на глобално ниво се случија и тоа како чудни работи. Се менуваат страните во eСветот како од шала.
Романија, Русија, Украина, Молдавија и Унгарија ја направија ситуации во Источна Европа уште покомплицирана, отколку што беше предходно, а и тогаш беше доста комплицирана. Русија е водич во чудната политика на овој дел од еСветот. Попишаа МПП со Аргентина, но и верували или не со еАмерика, додека Украина ја прогласија за природен непријател. Крајната цел на Русија е да се приклучи на Алијансата Панам.
Да преминеме кај нашите сојузници, да ја објасниме ситуацијата на еСрбија.
еСрбија имаше склучено договор со еВелика Британија, но кога на власт беше веќе поранешниот претседател на еВелика Британија. Имено според договорот еСрбија требаше да ги “Изнајми” регионите (Yorkshire & Humberside и Eest of Englend). Сепак во неделава што измина поради големиот притисок од САД, англиските конгресмени станаа неодлучни, па еСрбите решија планот да го остават за во подобри времиња. Интересно е тоа што се почесто во еСрбија се спомнува опцијата на Америчкиот континент да се премине преку еБелгија или еФранција. Останува времето да покаже што навистина ќе се случи.
еСловенија не е веќе во војна со еХрватска поради тоа што веќе не граничат помеѓу себе. Што се однесува до војната против еИталија последнава недела се почесто се шпекулира со потпишување на мир помеѓу еСловенија и еИталија, па доколку тоа се случи, сигурно еСловенците ќе можат да си ги повратат изгубените територии. Најново околу еСловенија е тоа што и објавија војна на еСловачка.
Активни војни на Светско ниво:
Финска – Естонија
Словачка – Германија
Словенија - Словачка
Канада – Ирска
Бугарија – Индија
Украина – Русија
Хрватска – Србија
Шведска – Литванија
Словенија – Италија
Романија – Унгарија
Франција – Белгија
Бугарија – Иран
Полска – Мексико
Велика Британија – Србија
Полска – Германија
Латвија – Естонија
САД – Мексико
Индија – Пакистан
Аргентина – Перу
Јужна Кореа – Јапонија
Републија Кина (Тајван) – Јужна Кореа
Филипини – Индонезија
Јужна Африка – Уругвај
Кина – Северна Кореа
Перу – Бразил
Нов Зеланд - Чиле
Напомена – Со дебели букви се државите кои моментално имаат предност во војните. Онаму каде што нема дебели букви на ниедна страна, тогаш војната е изедначена.
ЕКОНОМИЈА на светско ниво:
Кога во прашање е економијата, таа минатата недела беше во сенка на политичките случувања на светско ниво.
По последните промени што ги воведоа админите, целиот свет се соочуваше со крах на економски план. Буквално сите земји беа зафатени од него. Зборуваме во минато време, не поради тоа што сега се е под конец, туку поради фактот што конечно се забележуваат нови ветришта во економијата.
Житото, лебот, оружјето, железото и останатите продукти полаке но сигурно си ја враќаат својата цена, па затоа платите, полека но сигурно почнаа да растат во последно време.
ИНФОРМАЦИИ:
Најдобри еДржави според искуствени поени ( experience points ):
1. Србија - Искуствени поени-25,421,942
Просечни искуствени поени-1,294
2. Полска - Искуствени поени-20,496,196
Просечни искуствени поени-1,124
3. Унгарија - Искуствени поени-19,834,675
Просечни искуствени поени 1,865
4. Романија - Искуствени поени-15,078,934
Просечни искуствени поени-1,706
5. Шпанија - Искуствени поени-13,949,857
Просечни искуствени поени-1,297
..........................
17. МАКЕДОНИЈА – Искуствени поени - 3,989,755 254
Просечни искуствени поени-254
Најдобри еДржави според бројот на жители ( population number ):
Во оваа категорија еБразил е лидер и тоа убедливо. Оваа недела имаше и најголеми бејби-бумови во еБразил. Минатата недела еБразил имаше 22,285 жители, додека сега има 3,000 повеќе.
1. -Бразил - 25,046
2. Грција - 20,735 (Опаѓање на број на жители за разлика од минатата недела кога имаше 21,743 жители)
3. -САД - 20,060 (Минатата недела имаше 19,292 жители)
4. -Србија - 18,634 (Минатата недела еСрбија имаше 18,629 жители)
5. -Бугарија - 18,445 (Минатата недела имаше 18,154 жители)
6. - Полска – 16,897 (минатата недела имаше 17,078 жители)
7. - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - 14,097 (Изминатава недела забележавме мал пад на населението, изминатиот понеделник еМакедонија имаше 14,165 жители).
Со почит, тим од Министерство за Информирање
(Јовица)
Comments
\o/
Sakam da prasam ako nekoj stane death toest 0 zivot dali moze so donacii da se povrati vo igra ili ne.Aj ako nekoj znae neka odgovori.
Дали министерството има инфо колку од 14.097 се над 20 левел - јас мислам дека е тоа многу важно!
Фала на инфо.. држ воут
o/
@Kocc некаде имам прочитано дека ако ти се деси еСмрт после кога сакаш можеш да го оживееш профилот и автоматски ти рипа велнесот на 50ка
@Mehandiski јас како што знам имаме околу 1к играчи со a ова можеш да го видиш кај профилот на некој играч со 19ти л
Mehandzijski просекот во еМакедонија е 18 левел. Просекот на играчи што се над 20 левел е помал отколку просекот на играчи кои се под 20 левел.
Мене ме интересираше дали министерството некогаш размислило да направи просек,сепак тоа е добро за нас,треба да се знае на активните играчи за да им се помага!
o7
Фала на инфо...VOTE
@Јовицаа да не ти рушам морал, али брат до 20 левел многу брзо стигнав.. ама после се посрав од играње да дојдам до некои бедни 1500 ехп! Од 20тиот ќе реваш левел на секои 20-30 дена
А за тоа колку сме слини (зш нали, силата е таа што мава) јас мислам дека имаме нешто под иљадарка со 1к сила
@kocc јас се вратив од мртвите... правев 2-3 месеци пауза затоа што ми здосади играта ( тогаш ја немаше еМакедонија додадено)
@Fico87 Во право си ...
@Mehandzijski Добра идеја меѓутоа тешко би била остварлива најверојатно
@partibreaker dali izgubi nesto od toa sto imase
Najdobri drzavi spored XP ne e azurirano od 08 Fevruari. Mislam deka vekje treba da sme pred Argentina.
Vo XP za MK taa 254 vi e visok.
Miselv na ova: 17. МАКЕДОНИЈА – Искуствени поени - 3,989,755 254
Ubavo e da e taka, ama ne e.
Isto delot so aktivni vojni e mnogu menliva kategorija. Nekoja podlaboka analiza bi bila pokorisna.
Toa bea zabeleskite. Inaku vote.
Сите забелешки се на место ... нареден пат може да има подлабока анализа
glas.
о7