Чифте, чифте пајтон лари...

Day 1,188, 12:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Навистина немам веќе поим што наслови да им давам на статииве... Еве оваа статија се однесува на едно деликатно прашање: Треба ли да се купува оружје или не? Интересно прашање... Да математицизираме малку...
Ако еден играч прави 100 инфлуес (најважното за добивањето на војните), притоа е невооружен, тогаш истиот со исто потрошен хелт ќе прави 120 инфлуенс со Q1 оружје, 140 со Q2 и т.н. до Q5 оружје за 200 штета.
Со едно пукање се троши фиксно 10 здравје, па испаѓа дека со 6 пати да пукнете без оружје, ќе нправите штета колку што би направиле со Q1 пушка, притоа пукајќи 5 пати. Значи ако купите 5 пушки (Q1 оружје), вие ќе направите иста штета како ако би пукале 6 пати „со нож“ 🙂 т.е. невооружен... Да резимираме - за да заштедите(?!) 10 здравје, треба да купите 5 пушки. Соодносот на цена, леб-пушка е некаде околу 1:5 (ако е леб денар, пушка е 5 денари). Испаѓа дека со парите за една пушка, ќе купите 5 леба, што ви се доволни за да ги вратите оние 10 здравје... Се на се, вие купувате 4 пушки џабе!
Дојдовме до моментот во кој станува јасно дека оружјето се троши безмалку само за мисии, и евентуално за поголем учинок кога се борите за повисока цел (одбрана на земјата, на пример). Ете зошто, пушки во мирно временски услови користат само сопствениците на пушкарници и оние кои бркаат мисии. Испаѓа дека се премногу скапи! Интересно е дека ако оваа математика ја примениме на цела битка од 300 здравје, испаѓа дека борецот се борел како да има 360 здравје, наместо 300, што дава некаква мала предност на пушката, но, кој купува q1 или q2 за цела битка? Баш никој!
Овде доаѓам до заклучокот. Тимот на е-репаблик мора да воведе нови начини на пресметка на инфлуенсот, каде невооружениот борец би правел значително помала штета од вооружениот (на пример 75% или дури 50😵, или пак да го намали количеството на материјали за изработката на оружјето со помал квалитет.
Да им предолажам на форум, не вреди... Не се трудат толку. Да си напишам во статија - барем вие ќе знаете колку безврска е нивната математика. Па може и ќе се измести нешто.

П.С. Во реалниот живот пушка чини барем колку 100 леба, тоа го знам... Ама во реалниот живот да појдеш на бојно поле без оружје е лудило.