Купувајте денари...

Day 1,169, 05:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Се чини дека денарот ја зголемува својата вредност. Утринава беше 0.017, до пред саат време 0.018, а сега е 0.019... Да бидам искрен, онака линеарно, по навика од претходниве денови ставив понуда 50 денари за 0.017 - и исчезна (одма некој купи)... Се загледав малку и што да видам - 0.019. Нешто сум повлечен од играва деновиве, ама интересно е што нешто се случило што го јакне денарот. Дали некој купил многу злато? Дали можеби добивме свеж прилив на играчи (можно, Турција падна под ропство на Грците, можно е овде да ја бараат среќата)...
Како и да е: Чим златото ја губи својата вредност, значи дека јакне денарот. Чим јакне денарот, ќе паднат цените. Чим паднат цените, ќе паднат и платите (иако ќе вредат повеќе, ако златото е послабо)

Заклучок - оној кој смета дека треба да е денарот со поголем курс, нека купува денари (или продава злато). Оној кој смета дека ни треба послаб курс, нека купува злато (или продава денари)... Оној кој знае како работи монетари маркет, и сака малку да ризикува - нека ги прави двете!