Повтрно војна - но овојпат има посебни причини.

Day 1,165, 05:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Бугарија повторно не прогласува за природен непријател. Законот ќе помине, а за тоа има две прости причини: Прва причина - Македонските камикази ќе се вратат да ја бранат Македонија, односно ќе ги напуштат бугарските фирми. Со тоа Бугарската економија ќе почне да се опоравува. Второ, бугарите ќе пукаат само до 30 противници на човек - со идеја секој бугарин да добие шанса да ја исполни мисијата „True Patriot“, за која се бара да се уништат 30 непријатели кои се ваш „природен непријател“, а чии награди воопшто не се наивни. 50 сила - тоа ви се 4 и пол дена тренинг со 200% бустер или 10 обични тренинзи. 500 ранг поени и не е богзнае каква награда, но сепак е солидна.
Значи со еден удар, два зајака - ем камикази - аут, ем секој бугарин за 50 сила појак... Досетливо. Нема што... Како ќе постапам јас - ќе утврдам нешто малку подоцна. Може некој од коментарите да ми даде интересни идеи.