Востание...

Day 1,164, 13:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Не би сакал да звучам како Гоце Делчев, ниту пак можам. Но за да дигнеме востание, потребно е да го разјадеме противникот однатре. За да го направиме тоа, потребно е да работиме еден период за бугарско злато - строго како камикази. Потоа одиме со варијанта, што е можно повеќемина од нас да се преселат во Софија, како цената на востанието би била помала, а сепак би можеле да учествуваме во востанието (мора да си во Бугарија). Конечно, вредноста на златото е сеуште на високо ниво. Беше на некои 0.019, но повторно опадна на 0.017... Ако сега купиме 800 златници со наши пари, ова ќе го направи денарот уште послаб во однос на златото, па ќе ги зголеми цените... Како што реков. Поработете малку како камикази. Да го обезвредниме уште малку бугарското злато, да ја разнишаме уште малку економијата, па со злато заработено од нив да подигнеме востание. Би рекол дека е доволно пауза од недела дена. Не брзајте!