Ако веќе нема мир...

Day 1,154, 11:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Нека има војна. Ама војната да биде прецизно изработена. Македонци, умерено мавајте во одбрана на Источна Македонија. Доволно е да се добие како претходните две - со по 51%. Оние кои можат, подоцна да се приклучат на битките на нашите сојузници. Мошне згодно за нас би било Бургас да падне вечерва под Турска контрола. Утре би можеле да имаме координиран напад на Софија и на уште една Бугарска провинција...

Да бидам искрен, пожелувам мир. Заради економската криза, убаво би ни дошле мирни денови. Време за војна секогаш има. Но убаво е за сите да си ги повратиме силите, да заработиме троа злато... Да нагомиламе малку сила...

Апел до Македонскиот, Турскиот, Српскиот, Хрватскиот, Бугарскиот и Грчкиот претседател: кликнете ПАУЗА!