Работа како менаџер...

Day 1,151, 06:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Вчера започна со реализација идејата на тимот на е-репаблик, со која ако поседувате компанија, не мора да бидете вработен во неа, за да може да работите таму. Имено добивате бонус работен ден кој ќе ви одземе 5 здравје, но целиот свој производен скил ќе го искористите да произведува за вашата фирма - и тоа џабе. кои ќе бидат ефектите на оваа работа:
1. Благо ќе се намалат цените на производните фирми (леб, пушки), а можно е да дојде и до намалување на цените на суровите материјали.
2. Можно е да дојде до намалување и на платите, бидејќи компанијата ќе може да вади производ и без вработени (од менаџерот). Секој профитабилен вработе, ќе носи сретства, но секој непрофитабилен - нема да има потреба да го вработуваме.

Има една интересна математика за менаџерите. На пример, менаџер за фирма за жито (еве јас), кој е Гуру. Без бустирање во фирмата имам 529 продукција. Ако употребам бустер ќе имам некаде околу 1180 произведени единици. Ако ова го продадам успешно на пазарот по 0.08, испаѓа дека сум платил 0.99 злато за бустерот и сум заработил 1,25 злато - според сегашниот курс на златото. Се прашувам - колку долго ќе преживее оваа идеја? Додека сите менаџери го сфатат ова?

Друга математика...
Има еден менаџер фирма за жито и леб. Работи некаде за минималец - не во своите фирми... Но како менаџер произведува жито, кое го произвел џабе. Со фирмата за леб си го купува житото и прави леб, кој го произвел по цена на житото, кое пак му е џабе - т.е. лебот му е џабе. Го купува лебот од себеси, и има загуба само во даноците кои комотно ги покрва со минималецот од местото каде работи. Значи обезбедил заработка и екзистенција за 40 злато... Интересно... Ќе оди споро, ама сто години да игра, 100 години нема никаква загуба да направи, ако е инајџија. А е! Македонец е, нели?