Грешката наречена „Видин“

Day 1,149, 06:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Зошто напаѓаме во Видин? Малку е нејасно, зошто влегуваме во регион чиј ресурс веќе го имаме? Русе, тоа беше мошне логичен потег, преку кој макар и за неколку дена ќе имавме 25% поголемо производство на пченица, со чие гомилање во нашите фирми можеше да се обезбеди поевтина храна за нашата армија и народот. Интересно е дека со цена од 0.08, при нормално производство на пченица, со бонус од 25 ќе имавме речиси сигурни 0.07 цена на пченица (со одличен профит за житарите) и 0.06 цена без или со мал профит. тоа ќе повлечеше 0.08 денари поевтин леб од Q1, или 0.16 за Q2.
Второ прашање е: зошто го затвораме влезот на Србија кон Бугарија? Србија можеше да има интерес во Видин, а бугарите да бидат во далеку понезгодна ситуација кога имаат два окупатора!
Се на се, необична одлука. Очекувам ПП од некој од официјалните лица.