Најважната битка за еМакедонија

Day 1,143, 10:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Најважната битка за еМакедонија е против самите нас. Колку и да се чини нереално, најголемиот противник на еМакедонија е еМакедонецот. Ќе се послужам со една реченица на големиот Македонски херој Гоце Делчев: „Има ли земја во светот која толку страда од своите синови - изроди, како Македонија?“. Нема Гоце... Ниту тогаш имало, ниту сега има.
Прв Македонски проблем:
Нервозни бизнисмени кои апсолутно немаат осет за бизнис, ама имаат по 17 мулти-акаунти кои ги крепат. Прават чуда во економијата. На пример, купува пченица по 0.07, го продава лебот по 0.55 и успева да даде плата! Математиката вели дека ИЧ газдата да не зема, 0.53 (заради данокот) минус 0.42(трошокот) се 0.11 - заработка по парче леб. Мастер прави 70 леба, треба да има 7.7 денари плата за да не оди газдата во минус... на пазарот е 13. И сите се чудат... И тие што се чудат ги спуштаат цените на лебот... И оние што немаат мултија - мораат да банкротираат, или да си направат мулти акаунти, или да ја спуштаат платата на пазарот...
Решение:
Бидете фер со мултите. Нека ви работат по фирмите за денар и пол и богатете се! Ама не убивајте ги другите. Држете пристојна цена. Барем ЛАЖЕТЕ дека немате мултија! Па зар не гледате дека ги туркате платите? Ви годи тоа?
Има и друго чаре. Изгласување минимална плата 8 денари. Ионака е формално - баш толку. 8 денари. Сето друго е хранење мултија! Си ставаат ботче да работи за денар и пол (никој при здрав памет не би работел за тие пари - ама АДМИНИТЕ ПАК СПИЈАТ).

Да ги прашаш луѓево дали сакаат поскап леб - ќе ти речат НЕ. А дали сакаат поголеми плати, ќе ти речат ДА. А да ги прашаш - „Како лебарот да даде поголема плата, а притоа да прави поевтин леб?“ - Никој не знае... Или се прават шути и мутави. Тука е третата предност на минималната плата... Ако се стави минимална плата од 8 денари, житото (каменот, нафтата и железото) ќе порасне на 0.08. Лебот ќе појде на 0.72. Ама платите ќе се подигнат! Ако се подигнат платите, тоа значи повеќе злато за играчите. Ако има повеќе злато за играчите ќе можат да бустираат...
Пример со бројки:
Сега, Гуру зема 15.7 денари, купува леб по 0.55, значи ќе може да купи 28,5 леба. Заработил 0.54 злато. Ајде да направиме Гури да зема 30 денари и пак да може да купи 28,5 леба. Ќе треба лебот да е 1.05 денари. Пак исто лебови со платата купува, ама ако размислува во злато, сега заработил 1 и кусур злато! Државата прибрала поголем данок! Лебарот и житарот заработиле повеќе пари... Што е злото? „Скап е лебот....“
Скап е умот, па многумина си немаат купено!