Им се чудам на цениве...

Day 1,140, 11:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Не се скапи продуктите... Немојте да мислите дека ќе ги критикувам. Цените се ниски. Односот заработка/цени во Македонија е солиден. Чудно ми е со лебот. Колегиве лебари имаат за Q1 минимална цена од 0.57 денари. Ок... 2 здравје за 0.57... Ама има за 1.12 лебче Q2. Тоа значи дека ќе си купите 4 здравје за 1.12 или би му дошло дека 2 здравје чини 0.56... (т.е. 1.12 : 2). Не дека којзнае колку ќе заштеди играчот со тие 0.01 денари... него ми е чудно. Q2 треба да е поскап со некој мал процент, затоа што држи помалку место во инвентори... Во борба помалку пати треба да излегуваш за да одиш на маркет (или да се селиш од таб на таб)...
И што е поинтересно... Q2 едвај се продава! Q1, а падна цената - летна! Го нема на пазарот!
Можно ли е да има толку играчи кои воопшто не гледаат какви се цените за поголемите лебови... Кога немав компанија јас редовно гледав од Q1 до Q5, ама редовно се исплатеше само до Q2...
Нема доволно народ кој знае како се игра...