Зошто оружјето не се продава?

Day 1,140, 04:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Освен Q5 оружјето, кое се купува заради достигнување на максимален инфлуенс во игра - и со тоа и постигнување на Battle Hero, другото оружје се троши краааајно споро. Вчера на пазарот имаше ситуација пушка 3/3 да се продава за 5 денари! Внимавајте 5 денари! Да се направи чини 120*0.07 денари, т.е. 8.4 денари. Плата да НЕ ЗЕМА работникот што ја прави - чини 3 денари поевтино отколку што се прави... И погодете што! На пазарот стоеше повеќе од 16 часа... Јас купив неколку, колку шти имав пари... Ќе се најдат. Но, НИКОЈ друг. Зошто не купуваат луѓето? Оти не знаат како влијае на пресметките. Начелно, нивната пресметка е: „Ко имам пушка, ќе направам повеќе Инфлуенс, но мојот инфлуенс е многу далеку од оној на Battle Hero-ите“ - тогаш зошто да ја купам? Е сега - малку поискусните ќе речат: Поголем инфлуенс - повеќе ранг-поени (ова е сосема точно). Тоа пак значи дека побргу ќе стигнете до новиот чин...
Арно ама...
Според формулата за пресметка на инфлуенсот (влијанието) имаме проблем!
Да не ве заморувам со математики, ќе ви спомнам дека инфлуенсот ќе се зголеми за едвај 3-4 проценти за просечните чинови, минимални 1% за високите, солидни 20-30% за многу ниските чинови... Но - Високите чинови бркаат battle Hero - нема шанси да купат оружје Q1 или Q2. Ќе купат Q5 за да се најефикасни... Помалите пак играчи, кои би го зголемиле својот инфлуенс побрзо (и кај кои оружјето е исплатливо!)- скопчале дека „секако треба да го пукам двапати за да го убијам“, па не се замараат со пресметки - и ете, и тие немаат интерес за купување оружје. Така - оружје се купува само за мисии... А тоа е малку! Недоволно за просперитет на компаниите за оружје (особено оние до Q3).

Што треба да не направи... Масовно да се пишуваат писма до админите - илузиите кои се појавуваат на бојното поле да не се полу-случајни - туку сосема случајни! Да може да се дојде до ситуација: Ако имам оружје, го убивам. Ако немам - останува жив! Железото како ресурс треба да има подобра продукција, што би довело до поевтини оружја... Во спротивно - може да ги исфрлат од игра Q1 - Q4 компаниите - и да воведат или Q5 - или ништо!