Напреден туторијал за војување

Day 1,096, 11:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Најверојатната војна на Македонија со Грција е пред портите... Војната ќе не зафати сите нас, па ве молам имајте на памет дека ако не може да го одржувате здравјето сами - не војувајте.. или војувајте онолку, колку што може да вратите здравје. Останатите ќе ги интересира нивниот учинок во војната, и нивниот напредок на бојното поле... Меѓу нив стои знак на равенство, па пресметката на влијанието на војната (influence) е еднаква на вашиот напредок... Останува прашањето

Како да го пресметаме влијанието во војната?

Некако вака:
Влијание = ((Чин/50 + 0,4) * (Сила + 100) / 5 + 10) * К_О
(К_О = Коефициент на оружјето, ќе биде објаснето)

Чин табелата е следната:


во равенката го ставате бројот со кој почнува чинот. На пример, ако сте Capitain ** земате 20.
Сила е вашата сила, јасно испишана бројка веднаш покрај раката со мускулот 🙂 ...

К_О односно коефициентот на оружјето се пресметува како (100+Damage)/100, т.е. може да биде од 1 (без оружје) до 2 (со Q5 оружје).

Математичкото размислување ќе ве доведе до резон дека најисплатлива компонента од наведените е силата, што го прави бустирањето на силата на тренинг подобар чекор отколку трошење на златото за директни убиства. Сепак, златото е сеуште премногу скапо за луксузот на тренирањето, така - трошете го за засилување на тренингот само ако има го имате вишок...

Искрено, Методиус Магнус.