[Мин.За Образование]Што значи Паравоена единица, а што претставува РЕФУНД
Ministerstvo za Obrazovanie
Овој туторијал го посветуваме на паравоените единици и нивното значење, како и значењето на поимот „рефунд“. Пред се, сакам да изразам голема благодарност до Ivan Vancho Makedonski кој многу ни помогна и ни го претстави неговото размислување во поглед на темава.
🙂
Што е тоа паравоена единица?
- Во еРепублик термини една паравоена единица најкратко може да се опише како група на играчи кои се организираат во една неформална (а со воведувањето на MU и формална) групација која во свој посед има одредена инфраструктура, фирми и организации со кои раководат луѓе (или само еден човек) одбрани од мнозинството на членови на таа групација, а се со цел поактивно дружење, забава, заедничко удирање и докажување пред другите такви групации и секако помагање на својата земја и алијансата во воените походи. Секако дека постојат уште многу други дефинирања на овие воени единици но ова е она најосновно.
- Принципиелни разлики помеѓу овие паравоени единици и единиците кои се дел од државната војска се начинот на финансирање, изборот на команден тим, обврзаноста да ги почитуваат наредбите на Министерството за Одбрана, амблемите кои членовите ги носат и секако внатрешната структура и раководење со ресурсите. Секако дека постојат и разлики и помеѓу една и друга паравоена формација и сето тоа е оставено на способностите на лидерите на овие единица за менаџирање на група на гејмери.
- По дефиницијата на терминот паравоена, од оваа единица се подразбира дека функционира независно и не подлегнува на наредбите на МОД освен во случаи кога таа е најмена за да учествува во некоа воена акција. Тогаш е должна да се однесува според наредбите кои доаѓаат од тие кои што плаќаат за таа услуга. Со најгруб збор паравоените формации претставуваат група на платеници кои одработуваат за одреден надоместок за својата држава, алијансата или пак во некои случаи за сосема трета држава. Секако ова не важи за сите паравоени единици, има меѓу нив и некои што исклучиво се борат по наредбите дури и ништо за тоа да не добијат и војуваат за својата држава и алијанса без разлика дали некој нешто за тоа ќе им надомести.
Како обично доаѓа до формирање на паравоени единици во еРепублик?
Најчесто тоа се случува кога група на луѓе, кои може но и немора лично да се познаваа, одлучува да си ја направи играта поинтересна и прават организирана група на играчи кои носат исти воени обележја, настапуваат организирано во битките и пред се заеднички придонесуваат за формирањето и развојот на инфраструктурата и ресурсите на таа единица. Не ретко се случувало и цели државни единици поради некои несогласувања со државното раководство да одлучат на своја рака да прејдат во паравоени понекогаш дури конфискувајќи ја претходно добиената инфраструктура од државата. Еден таков пример е една од најпознатите Српски па дури и во Светски рамки, паравоената формација Front of Heroes која настана по распаѓањето на државната единица Тигрови (Тигри).
- Појавувањето на паравоени единици во еРепублик започнува многу пред еМакедонија да биде додадена на мапата. Да бидам искрен незнам која е најстара единица формирана. Знам дека единицата на која јас едно време бев член е секако една од најстарите со преку две години постоење, а тоа е интернационалната елитна паравоена единица White Eagles.
- Во еМакедонија паравоените единици се појавуваат уште на самиот почеток. Поголемиот дел од нив и до ден денешен постојат и функционираат, дел се распаднале или се претопиле во некоја друга, а сведоци сме и дека скоро секој ден се појава некоја нова паравоена единица. Оваа следи како последица на големиот број на активно население и потребата овие луѓе на некој начин организирано да дејствуваат и пред се да се забавуваат. Од особена важност за една еЗемја на воен план е да има голем број на активни војници било да се тоа државни или паравоени единици. Секако дека подобро би било поголем процент да припаѓа на државните единици кои се под директна команда на МоД, но во некои случаи низ историјата се покажало дека добро организирани и послушни паравоени можат исто така да бидат ефективни и од голема помош за државата.
- На времето кога во оваа игра постоеше терминот економија, најдобри и најсилни паравоени беа оние кои што ќе си изградеа систем на самоодржливост, односно економски добро поставени организации кои би можеле да функционираат без ничива помош. Во одредени случаи имавме и такви организации кои бе посилни дури и од половината држави на еРепублик. Таков пример се Лазократите кои со својата организациска, воена и пред се економска моќ претставуваа држава во држава. Но во денешно време, поточно еВреме, ваков начин на функционирање е просто невозможен, односно без да се купи голд со РЛ пари тешко се одржува една единица во напредок, а доколку пак не се купува следува назадување на членовите. Нејсе од тука преоѓаме на жешкиот костен во еМакедонското општество, а тоа е терминот и институцијата РЕФУНД
🙂
* Да напоменам дека текстов е чисто мое мислење базирано на искуствата од минатото...
Значи самиот збор како збор значи да добиеш поврат на материјални средства, дали целосно дали делумично, после извршувањето на некоја услуга. Значи откако ти ќе се покажеш на мегдан, државата ќе ти врати целокупните средства или дел од потрошени средства. Ова е прашање на договор и најчесто договарањето е пред да се побара услугута. Во еРеп термини ова значи, одредена држава има потреба од помош на военото поле. Се пријавуваат паравоени единици спремни да помогнат, удираат од сопствени залихи и на крајот од акцијата или наредниот ден добиваат РЕФУНДИРАЊЕ на средства онолку колку што е договорено. Е арно ама во овој луд економски систем каде што никој жив неможе да преживее да пука фул без да купува злато, се доаѓа до едно решение да се дели рефунд на дневна стандардна база, ондосно тоа не е веќе рефунд туку е ПРИПЕЈД, колку пари толку музика
🙂
Нели народните пари се тука за да се потрошат за заедничко добро. Ова е толку извитоперено и во РЛ и тука и секој си го толкува на свој начин. И нормално најмногу малверзации се појавуваат кога се во прашање државните средства и начинот на нивна распределба. Совршен модел за ова не постои да не се лажеме. Секогаш ќе постои некој незадоволен од тоа колку добил или пак зошто воопшто не добил.
- Значи да не се расплинувам многу многу, терминот рефунд кај нас погрешно се употребува. Рефунд беше она што неколку дена го воведе Аминта, според испорачана штета претходниот ден, наредниот земаш толку пари. Не можам да тврдам дека тоа би било добро решение бидејќи кратко траеше, и повторно се јавија многу незадоволни. Сега гледам некои пропагираат да се укине целосно рефундот, односно државните пари да не се даваат на редовна база туку само по потреба за јаки воени акции. Но како што гледате последниве неколку месеци скоро постојано имаме јаки воени акции против нашите мили ем драги јужни соседи
🙂
- Што и да се одлучи за понатаму мора да ни стане јасно дека кога еМакедонија не е загрозена воено МОРА да се штеди, и државата како држава да намали расходите и секој нејзин граѓанин кој сака да придонесе да си чува одредена залиха на леб/оружје/пари за кризни времиња.
Со почит,
Министерство за Образование на еМакедонија
Министер за Образование:
Viki MKD
Заменици:
Captain Igor
MKD Foreverrr
Знаењето е сила, знаењето е моќ!
За Shout: [Мин.За Образование]Што значи Паравоена единица, а што претставува РЕФУНД http://www.erepublik.com/en/article/-1-1843983/1/20
Comments
[removed]
[removed]
[removed]
[removed]
[removed]
[removed]
o7
[removed]
ЈА СУМ ПРф БЕ НЕ ТУКУ ЛАЖЕТЕ!
Кој ќе пише под мене да даде господ да му се расипе тенкот сред битка!!!
добра статија само не мора цела да е DOUBLE BOLD (статија) 🙂
о/
glas
Во оваа статија е болд изгуби ниегова функцијата! (:
Се извинувам на лошот македонски, морам ВанЧа да го спремим за спијење, мора утре да стигна во школа! (:
45612378565423 ti pa sto 😃
Добро бе прочита некој нешто или за џабе бил трудот ццц
Nekoj se potrudil da vi kaze nesto, mnogu od igracite ne go znaat ova, a vie ja upropastuvate statijata! Imajte malku pocit, ne e moja privatna pa da spamate, od ministerstvo e... : )
[removed]
[removed]
[removed]
[removed]
[removed]
[removed]
[removed]
[removed]
САКАМ ПРИПЕЈД xD
Vancho ti si ja pisuval be statijava ? : D
booooo kako se isprdiv
Вики, јас сум прочитал статија (:
виЌи ♥
И ти си Македонија! xD
Триесет и втори 😃
А што е со "Државните" единици?
MKD Foreverrr imaa 12 godini be
http://www.youtube.com/watch?v=xPPF5wlgg54&feature=player_embedded
toj sto cuka na kongite ( a moze i nema 12 god pomal e mozda )
Е сега дури успеав да ја прочитам статијава (нормално прво коментарите требаше да ги исчитам 😛) и морам да кажам дека е супер. Одлично резимирање на работите и завршен збор 🙂 Браво
убаво објаснето
о7
Bravo do Viki MKD i zamenicite odlicna statija, no sto e so drzavnite edinici ? Ako moze edit da objasnis nesto i za niv ?
dobra statija
nesvakam so zamarate za golemi bukvi , boldiran tekst i slicno negov tekst kako saka i resil taka ke si go pise ako ne ti se dopaga ne go citaj
a ja negledam nikakva ralzika koga citam golmi bukvi ili maliu ili potenki bukvi ili podebeli se mi e isto ako se potrudil i napisal nesto ubavo i toa so go citam mi e interesno ke mi bide takvo kako i da e napisano
Како што е сега ситуацијата многу од дефинициите за паравоена единца во еРепублик (не во РЛ) што си ги дал погоре не важат воопшто. Сега кај нас, паравоените се како државни (со ретки исклучоци, пр. тие што не земат рефунд не се обврзани спрема државата со ништо).
Инаку "паравоените" зависат од државата исто како државните (заради редовниот рефунд), следат наредби скојдневно од државата (што значи исто како државните прв приоритет е секогаш државата), се казнуваат за непослушност (ако пукале на друго место додека сме имале тесна битка) итн... Иако на хартија стојат како државни/паравоени, сепак суштински разлики скоро и да нема барем во нашава земја, освен тоа што на државните фирмите им се поклон од државата.
Cyril of Macedon
Иако на хартија стојат како државни/паравоени, сепак суштински разлики скоро и да нема барем во нашава земја, освен тоа што на државните фирмите им се поклон од државата.
Фирмите на државните единици беа q3 и со статијата на United Macedonia се собра злато од народот дури се плаќаше половина цена за надградба за q5.
Поентата ми е имаме многу играчи но не ја искористуваме нивната сила, почнуваме да си бркаме медали, добиваме тенкови од други земји и маваме за нив... Не може играч со 4000 СТР да добива 6 тенка денеска, па после одат во странски воени единици, епа одат нормално.
🙂 тука сте некаде...
Aко некоја "паравоена" единица е креирана само за да се зема рефунд од државата, а нема солидна инфраструктура на фирми и средства да се издржува самата, тогаш тоа не е паравоена туку ПАРАЗИТСКА единица...
со полн респект но од ова:
“- Принципиелни разлики помеѓу овие паравоени единици и единиците кои се дел од државната војска се начинот на финансирање, изборот на команден тим, обврзаноста да ги почитуваат наредбите на Министерството за Одбрана, амблемите кои членовите ги носат и секако внатрешната структура и раководење со ресурсите.“
...вода држи само амблемот и државните фирми кои ги имаат некои од лидерите на државната војска кај себе : )))
...државата не ги бира лидерите на државните војски + тие се вечни, и државните се обврзани исто како и паравојските да (не)следат наредби а внатрешното раководење со ресурсите на сите им е различно (читај башибозук) : )
...инаку пофалба за статијата теба вакви појаснување да се даваат... пробајте најдете и соодветна дефиниција на зборот рефунд за да им е уште појасно на луѓето што тоа всушност значи, за да не забегуваат и преку леб да бараат и погача ; )
Refund ne zimame, za Makedonija gazime!
Hail PanzeR!
+1 FIT
абе луѓе вики напишала статија ама со толкави коментари ќе напишете уште 10 статии. Браво Вики
COVEK SPASIO CEO NBS!!! V+S! http://www.erepublik.com/en/article/covek-spasio-ceo-nbs-v-s--1844900/1/20
o7
@deda_mraz82
Па што ако има! Барем попаметен су од тебе! 3 пати заменик министер за образование сум бил и многу статии сум напишал до сега!