Купувајте денари...
Great White Ajkula
Се чини дека денарот ја зголемува својата вредност. Утринава беше 0.017, до пред саат време 0.018, а сега е 0.019... Да бидам искрен, онака линеарно, по навика од претходниве денови ставив понуда 50 денари за 0.017 - и исчезна (одма некој купи)... Се загледав малку и што да видам - 0.019. Нешто сум повлечен од играва деновиве, ама интересно е што нешто се случило што го јакне денарот. Дали некој купил многу злато? Дали можеби добивме свеж прилив на играчи (можно, Турција падна под ропство на Грците, можно е овде да ја бараат среќата)...
Како и да е: Чим златото ја губи својата вредност, значи дека јакне денарот. Чим јакне денарот, ќе паднат цените. Чим паднат цените, ќе паднат и платите (иако ќе вредат повеќе, ако златото е послабо)
Заклучок - оној кој смета дека треба да е денарот со поголем курс, нека купува денари (или продава злато). Оној кој смета дека ни треба послаб курс, нека купува злато (или продава денари)... Оној кој знае како работи монетари маркет, и сака малку да ризикува - нека ги прави двете!
Comments
Само јас до сега “потрошив“ 20злато за купување на МКД, и често пишувам на тие што имаат ставено повеќе денари во оптек а ни се сојузници да ги повлечат или да ја зголемат цената на МКД на ММ.
Апел до сите што имаат по некое злато и разменуваат - Разменувајте злато за мкд и обратно исклучиво од Македонски граѓани и фирми!
о/ Мето д‘ двокликашо : D
Долгорочно денарот ќе пага порадни немањето на прилив од злато од новите бебиња. (читај кога ќе престане бејби бум).
Јас велам купувајте злато.
Хенри, можно е пола Турција да се досели овде. Тука ќе има огромен прилив на злато, вишок работна сила... Ќе има турбуленции... Не сум доволно он-лајн за правилно да ги антиципирам настаните.
Брат, Скопско и Се е Можно
@ Henry
Пак грешиш, новиот наплив на играчи едно 6000-7000 допрва треба да купуваат повеќе денари. Плус повеќе работници (во моментов околу 5000 имаме во државата) толку повеќе фирмите ќе зимаат денари.
Ете и бугарите имаат бејби бум па имаат премногу лева на монетарниот пазар, е тоа е затоа они што по секоја цена гледаа да не окупираат и водеа расипничка политика во војната.
Единствена грешка е што ние го дадовме златото за освојување, тоа е најголемата грешка. Да не дававме за тоа сега ќе бевме 10/10
Ако мене ме прашувате, баш сега е моментот кога треба да купувате денари ако сакате профит да направите нешто :}}
Пример кога беше по 0.017 ако купевте 3 денари тоа ти се 51 злато
Сега ако ги продавте (по цена 0.021) имате 63 злато (значи 12 злато до сега веќе ќе имавте профит) иако уште ќе расте ..
Ако мене ме прашувате сега е моментот, да имав нешто повеќе пари или да земев еден gold pack сега купував околу 15.000 денари ..
На 15.000 денари по цена 0.02 = 300 злато (100 евра)
Ако се дигне пак на 0.035 имаш одма 525 злато
Значи ќар 225 злато 😁
до 0.035 има само уште 2 страни и тоа не цели!
frozeX Day 1,169, 05:53
"Само јас до сега “потрошив“ 20злато за купување на МКД, и често пишувам на тие што имаат ставено повеќе денари во оптек а ни се сојузници да ги повлечат или да ја зголемат цената на МКД на ММ.
Апел до сите што имаат по некое злато и разменуваат - Разменувајте злато за мкд и обратно исклучиво од Македонски граѓани и фирми! "
Што можам да додадам само дека овој човек не е за верување, и покрај тоа што повикува на камиказиране на фирми коишто работат во Македонија (http://www.erepublik.com/en/article/-done-1--1646537/1/20), ти Унитед го предлагаш за позиција во некакво си министерство.
Ако ме слушате мене купувајте си злато, затоа што златото неможе владата да го печати колку што ќе и текне, а тоа денарите кога ве повикуваат за донација сте се ли запрашале ли зошто не ве повикуваат да донирате во денари, туку само реват донирајте злато?
http://www.erepublik.com/en/newspaper/sk-evesnik-244930/1 v + s!
Се стабилизира. 0.023... Не е лошо... Не направив добра проценка, па играв само со 500 денари, што ми донесе профит од 2 злато (Го дадов 0.022). Повеќе ум другпат кога ќе има вакви турбуленции...