Куќи...
![North Macedonia](http://www.erepublik.net/images/flags_png/S/North-Macedonia.png)
Great White Ajkula
Прво би нагласил дека во статијава ќе користам реални цени преземени од нашиот пазар и ќе ја образложувам нивната исплатливост - споредено со цената на лебот.
- Куќа 6х18 дена, т.е. дава 108 здравје е 25,15 денари. За 25,15 денари може да купите 61 леб од 0.41 денари, т.е. да обезбедите 122 здравје. Ранг Неисплатлива (-14 здравје) - продавачи, намалете ја цената на 22 денари за да биде исплатлива. Би станала исплатлива за леб од 0.46 денари.
- Куќа 20х20 дава 400 здравје, чини 58.58 денари, За 58.58 се купуваат 141 леб (и кусур) односно се купуваат 282 здравје. Ранг - Исплатлива (118 бонус здравје) . Незгоден момент се токму оние 20 здравје. Имено, дневно се губи 6 здравје по основ на преод на ден, работа и тренинг. Борбите одземаат по 10, па или ќе ви создаде куќата 104 здравје (т.е. 4 вишок), или ако изведете две борби, ќе ве остави со 6 помалку, т.е. ќе треба да докупите лебче, или да работите еден ден со 94 здравје, друг со 100.
- Куќа 15х30 дава 450 здравје 59.99. Исплатлива, погодна за една борба на ден (156 бонус здравје)
- Куќа 25х10 дава 250 здравје. 60.10. Неисплатлива (-43 зддравје), но исклучително фајтерски погодна, имате две борби на ден и дневни обврски.
- Куќа 16х28 дава 448 здравје. 60.60. Исплатлива (+154 здравје), погодна за една борба и редовни обврски
- Куќа 10х70 дава 700 здравје. 98.98. Исплатлива (+217 здравје), непогодна, но заради времетраењето (70 дена), може да се земе и да оди во комбинација леб.
Куќите од повисоките класи нема да ги анализирам, но методот на анализа е веќе познат. Заклучок - има тука за секој ти играчи:
6 здравје за мирољубиви, но засега неисплатливи
10 за комбинирање - чат пат да има борба..
15(16) за една борба на ден
20 за комбинирање - една сигурна борба на ден, може чат пат и две
25 фајтерска куќа, две сигурни борби на ден.
Comments
П.С. Јас си имам Фајтерска куќа.
Прв ...бреееј : )))
добро порано беше поголема разликата... има една мала предност што ја имаат куќите а тоа е што нивното лечење не се вбројува во оние 300 дневно дозволени
@Darko Убава информација. Веројатно требаше да ја напишам во текстот.
Супер анализа! Јас имам 50/50 одлична е! 1100 здравје плус дава за истите пари леб. 5 пати тепање во ден. Многу се исплаќа. Штом соберете 10 злато одма купете си!
па ете пиши ја, btw да не знае некој што е со promo gold and extras?
>нивното лечење не се вбројува во оние 300 дневно дозволени??
Па што не кажете бре... е тоа не сум знаел!
Да, ако купиш голд (има понуда и 1 евро за еден голд) добиваш екстра сториџ после 29 ноемви. Кратко - Безвезе.
јас сум спремен да ја намалам ценат на куќата во Villa Macedonia ама има дел од конкуренцијата која си пука во нога со тоа што оди со цени кои се самоубиство.
Еве вака една математика за куќи од мојата фирма Villa Macedonia 25/10:
за да направам една Q2 куќа ми треба 1500 материјал (камен)...цената на каменот е 0.03 МКД или за една куќа САМО материјал чини 45 МКД...
на ова треба да се додаде плати за вработени... од прилика со НАЈИДЕАЛНА продуктивност *100 здравје и висок скилс) требаат 4 вработени да направат една куќа...ако пресметате плати за 4 вработени X 5 МКД во просек тоа се уште 20 МКД за плати за една куќа.
на крај, комплет набавна цена на една Q2 куќа матереијал (45МКД) и работна (20 МКД) рака чини ВКУПНО 65 МКД....
значи одам во загуба од 5 МКД од куќа.
Е сега да прашаме како другите фирми за куќи прават матемартика за цени под 60 МКД?
@ Aminta Makedonecot nemash i nekoj danok u matematikata?
LUJGE FAJTERSKA SAMO 100% dobra
Stoilkovski Darko,
гледаш испуштив и тоа да го пресметам : )
ама тоа е мала шала во споредба со 5 МКД загуба по куќа ; )
Иначе под притисок на конкуренцијата и потребата од кеш за да набавам материјали ги спуштив цените на 55 МКД 🙁
сега му е мајката за Фајтерска Куќа...навали народе во Villa Macedonia сега или никогаш ; )
фала на просторот за реклама : )
odlicna analiza Vot!
Аминта, 90% од производителите на куќи имаат свои каменоломи. Тука има доста сложена математика, затоа што каменот од 0.03 им е чист профит. 0.02 е на некој начин претурање од шупливо во празно, ама тогаш математиката за куќата е тотално поинаква.
Јас користам од твоите куќи, толку можам да си дозволам да се тепам...
Tocno i im se isplati za poevtino da prodavaat
МЕто во право си ама ако си го продавам сам себе каменот по 0.02 тогаш губам од каменоломот пари а добивам малце во куќите... кога ќе видиш како што рече од шупливо во празно.
Ако мора сам да си продавам камен тогаш...поарно да ја затворам фирмава за куќи...само зијан ми оди а јас губам пари присекој трансфер + плати.
Да заклучам дали ќе купувам камен по 0,03 од пазар или сам ќе си го продадам по 0,02 или 0,01 исто ми се фаќа... разлика е само што профитот наместо во каменоломот ќе ми биде во куќите... што значи математиката е иста!
Ако ја продаваш фирмата за куќи, прво мене контактирај ме... Планот е да кренам Q5 za nekoj od golemite pazari.