Слободата на говор и штети на еМакедонија
sarmetina
Последните написи во весниците и обидите да се разединат Македонците, како и целосната неконтрола на медиумскиот простор се директен повод да го напишам овој артикл.
Го почитувам правото на слободно изразување и можноста секој да го каже она што го мисли, но според ситуацијата на терен, мораме да се согласиме со заклучокот дека слободата на говор овде во еМакедонија ни прави повеќе штета отколку корист. Еве за што се работи.
Најголемиот број еМакедонци се играчи - почетници, со помал левел од 17. Тоа значи дека нејаголемиот дел од нив, сеуште не ја ни разбираат играта и во голем дел се информираат од весниците. Во нив, пак, согласно слободата на говор, секој може да напише што сака. Гледам дури и дека играчи со мал левел си дозволуваат да ја коментираат политиката, економијата, плановите на конгресот и сл. Покрај тоа, многу се впуштаат и во коментари на резултатите од изборите, пишуваат туторијали со сомнителна содржина и што уште не.
Поентата ми е дека, секој, ама баш секој, пишува за што ќе стигне.
Од друга страна, слободата на говор, од секогаш била голем проблем за нови држави, како што е нашата. Затоа предлагам, нејзина контрола. Кога пишувам контрола, не мислам забрана за работа на повеќе весници, туку нивна организација и насочување во функција на државата и нејзините интереси.
Со оглед на тоа дека во моментов во државава функционира еднопартиски, полтички систем, а опозициската партија е бугарска и истата треба да биде игнорирана, предлагам формирање на нешто како министерство за информирање или некоја организација, со претседател кој ќе го контролира медиумскиот просотр. Предлагам да се направи една групација од медиумите која ќе биде признаена од државата и преку која информациите ќе се насочуваат во функција на државата. Јасно ќе се знае, што ќе се објавува, на кој начин истото ќе биде објавено и кој ќе биде таргетот на таа информација.
Многу поефективна ќе биде информацијата кога ќе биде пренесена од повеќе медиуми (секако не во иста форма, (креативноста на новинарите ќе ги прави различни) но со иста цел, насока...
Сите весници кои ќе бидат во таа група, со тек на време ќе стекнат углед на медиуми кои објавуваат проверени информации, па останатите кои ќе останат надвор и нема да се придржуваа, нема да бидат сфаќани сериозно.
Дека имаме сериозен проблем со медиумите и невниот голем број говори и последниот артикл објавен во Frodo News кој според популарноста која ја има, е доказ повеќе за горенаведените тези.
Уште еднаш да се вратам, многу од оние кои имаат весник најверојатно не ни знаат дека РЛ ситуацијата не смее да биде тема на артиклите иако проблемот со името, може да тангира со овдешните состојби, а сепак објавуваат такви прилози.
Затоа, апелирам до раководството сериозно да размисли за една ваква идеја, бидејќи истата сметам дека ќе придонесе за што побрз развој на целото емаекдонско општество и побрз прогрес на еМакедонија.
Алекснадар Спасовски
Comments
Браво другар одличен артикл, имаш глас и претплата продолжи така.
Јас мислам дека не треба да се ограничи слободата на весниците бидејки тие што пишуваат глупости(работи кој не се однесуваат на играта) нема да добиваат субскрајбери а оние кој се добри секако одат во топ вести и се поценети и почитани така да мислам дека не е потребно...
Работата е што новите играчи сеуште не се во состојба да оценат, кои весници се ценети кои не се. Освен тоа, има весници кои немаат многу претплатници а пренесуваат проверени информации и обратно.
Затоа предлагав, не да се огранили слободата на говир, туку да се контролира. значи контрола, но не ограничување. Да контролираме што ќе објавуваме и тоа да го правиме масовно, заеднички, секако, секој со различен пристап.
v i s drugar ako mozes da vozvratis i kaj mene 🙂 ubavo napisano 🙂
http://www.erepublik.com/en/article/na-pocetok-1557346/1/20
United MacedoniA ova e reporterot na sitel sto go objavi bejbi bumot !
Bravo vote
sub. sum megu prvite 10
браво ми се свиѓа идејава,голем глас а претплата имаш одамна
Е време беше да се създаде една типично Fyromian организација - "Министерство за вистината"
@Avit0hol
Типичен татар ... турски татар....
имаш Vote, веќе сум ти претплатен, а и линкот до фродо њус ти е грешен.
Он топик. Се согласувам дека контрола треба да има, едно да го заштитиме единството, друго да ги заштитиме играчите.
Голем број од нив креираат весници и објавуваат реални вести, или вести колку само да напишат нешто, пример, се опив вчера, воут и суб од сите што се опија вчера. Оваквите весници ризикуваат да бидат избришани, а нивните автори да бидат банирани.
Добра ти е идејата и треба сериозно да се разгледа.
Treba da se formira odred za borba protiv ufrleni elementi od stranstvo se znaat koj se..., i da se napadnat so site sredstva i sili, da im se najdat IP adresite da im se haknat komjuterite i po moznost da im se pregorat, kako i razni dejstva od psi-ops da se prezemat protiv niv sto bi dovelo do kratok spoj vo nivnite mozocinja
hehe
Makedonija vecna
убаво збориш, треба едукација на младите новинари
глас
glas i pretplata
Јас мислам дека сите пишуваат со желба да помогнат и да ја искажат својата љубов кон Македонија. Нема Македонец кој не ја сака Македонија!
Слободата на говор не би требало да се забрани, туку како што предлагаш ти може да се организираат весниците по теми, на пр. забава, војни, спортска прогноза xD, ово оно...
На читателите е да пресудат дали напишаното во некој весник вреди или не.
А еднаш имам напишано (некаде во коментар - немам весник) дека доколку нема теми од реалниот живот нема играва да биде интересна. Многу голема глупост им е тоа на админите да забрануваат да пишуваш за РЖ. Треба да постои забрана за говор на омраза, а не ова! Јас на пример сакам erepublik.com да прерасне во нешто подобро од facebook.com, каде што покрај борбите и сите добри работи во играва и пријателите ќе ми бидат тука, ќе можат да ставаат слики, ќе можам да си правам муабет на chat исто како и таму итн.
Пак забегав...Поздрав МнМ!
Браво за Бејби бумот..и добар артикл.Али не може ништо да се промени за жал.
Фала за сугестијата, точно сум го згрешил линкот, веќе го едитирав 🙂
Он топик
Значи не е идејата да се забранат медиумите туку ова да функционира нешто како „фабрика“ за информации. Сите што разбираат ПР и новинарство знаат дека информациите најдобро и најлесно се шират преку медиумите и исто така, јавното мислење најдобро се креира преку нив. Кога ќе дојде време да имаме посериозни проблеми со уфрлени Бугари, Грци и што уште не и кои ќе сакаат да се мешаат во нашиот политички живот, ваква организиација на медиумите ќе ни биде и повеќе од потребна. сега идат претседателските избори. За овој круг, сигурни сме дека нема странски сили кои можат да ни ги замешаат сметките, но во иднина, кога играва ќе се развие, тогаш јас сум повеќе од сигурен дека ќе имаме потреба пд „фабрикувано“ информирање.
Тоа ти е нешто слично како аферата „фабрика“ на Бучковски од пред 5-6 години 😁)) со таа разлика што во РЛ Македонија се бори за демократија, а овде, овде се бориме сега за сега само за опстанок и забрзан развој на основните делови на државата
Отлична идея-да се забрани свободата на словото както е било при комунизма,фашизма,титовизма или поне както е сега в реалната република Македония.
ще налагаме и еднопартиен модел...Много добре,само трябва да прекръстите и партията си на "Обединена Сталинистка Македонска Партия"- ОСМП.
За щастие тук свободата на словото могат да го ограничат само админите.Младите играчи постепенно ще пишат по-малко,по-смислено.Пък и самите играчи ще намалеят.
o.0 koj e ovoj i sto zboruva R%#?/??&^)(8ky*&^&%*%%$
@Bloody_sword дај дај да се задржиме на фашизмот и „освободителните„ блгарски војски...баш ме интересираше тоа xD
В България е нямало фашизъм,казах ти да изгориш комунистическите си учебници. Тито умря ако не знаеш.
И вярно са били освободителни български войски.
Ние ќе си живееме во еднопартиски систем, ако ти смета, можеш слободно да се преселиш во друга држава и овака овде си persona non grata 😁))
Не,аз правя системата двупартийна.
али слабо ти иде некако..