[TOP 5] Воени игри,преговори,договори,препукувања

Day 1,240, 03:01 Published in North Macedonia Cuba by Klaus Hargreeves

Статијава ја започнувам со едно прашање:Зошто почнавме и зошто сеуште ја играме играва?Јас за мене знам:Да и помогнам на е-Македонија и барем виртуелно,ако не и во real life,да ја видам обединета:ВАРДАР,ЕГЕЈ,ПИРИН - ТОА Е МАКЕДОНИЈА(а воопшто не ми пречи и кога гледам како се множат зелените пиксели на мониторот-како што вели LazarosaMKD).И мислам дека сите имаме една мисла,една желба.
Македонија на ден 1 240:
Никој не можеше да претпостави дека за толкав краток период ке станеме она што сме.Abruzzo,Aosta Valley,Apulia,Basilicata,Calabria,Campania,Lazio,Lombardy,Piedmont,Provence Alpes Azur,Sardinia,Sicily,Tuscany,Umbria,Vidin и секако за нас најважната SOFIA-ПИРИНСКА.Тоа се новите територии на Македонија.POPULATIN NUMBER 20 121.WOW
Почнуваме да стануваме сериозни играчи на е-светска сцена.
1.Прашањето за Бугарија-затворено!(просто и едноставно-ја нема на мапа)Можеби не ни требаше Видин и мора сериозно да се размисли дали имаме потреба сеуште да го држиме под наша контрола(можност за востание голема)или да и го предадеме на Србија.
2.Прашањето за Италија-треба да се затвори!Како?Со потпишување мир и остапување на 3-4 територии под нивна контрола.Нормално оние територии кои нас не ни требаат.Барање гаранции од Италијанците дека ќе го почитуваат договорот,и тоа парични или во GOlD депонирани во банка.Во случај да го нарушат примирјето парите да ни бидат исплатени,a ние понатака знаеме како со нив.Е сега зошто би ја враќале Италија на мапа?Знаеме дека Италија има добри односи со Шпанија-нашот нов сојузник кој воопшто не е за подценување и со кој треба да поработиме на план за продлабочување на соработката и довербата.Враќањето на Италија на мапа е добра можност за тоа.И има уште една позитивна работа од сето ова:Затвораме уште еден фронт.
3.Прашањето за Франција.Зошто ги напаѓаме?Од три причини:Прво-природен непријател-бонус од 10% за strenght(добредојден за сите).Второ:мала занимација за цивилите(колку да имаат работа).Трето и најважно:Истовремено помагаме и на Шпанија и на Полска затворајќи им по еден фронт,а знаеме на колку фронта војуваат тие.Се надевам дека тоа ќе го ценат!
Јас како припадник на АРМ сведок сум на тоа дека армија мава само во оние битки во кои на нашите сојузници им треба помош.И тоа е со причина:Помагај каде што можеш,а особено кога можеш да помогнеш,за да утре и ти кога ќе имаш потреба од помош да имаш лице истата да ја побараш.Се надевам само дека ангажирањето на АРМ е координирано и предочено на генерштабот на ONE.Зошто ја знаете онаа народната:Ако не викаш,нема да бидеш и слушнат!
Да сумираме:Сите наши постапки и дејства се со одредена цел.Помагаме на нашите сојузници,ги продлабочуваме контактите и довербата.И СЕ НАДЕВАМ ДЕКА НА КРАЈ БЕНЕФИТОТ ОД СЕ ОВА ЌЕ Е НАПАДОТ НА ГРЦИЈА И ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА и поврзување на сите наши региони.Како што ми изгледа работите се движатат во таа насока.Само малку трпение ни треба.Никогаш не сме биле поблиски до целта.
Ова е само едно мое размислување што не значи и дека е точно.На крајот и времето ќе покаже дали сум во право или не.

МАКЕДОНИЈА ОБЕДИНЕТА И ВЕЧНА!
П.С.
Nа пола сме од целта 🙂

Молам за VOTE и SUB
Ви Благодарам