[ОЦМ] Објаснување и совети за новите мисии во еRepublik

Day 1,206, 08:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Почитувани граѓани на еМакедонија,

Оваа седмица во еРепублик беа додадени неколку нови мисии. Со ова највероајтн ое постигната најдобрата промена во 2011 година. Овие мисии се наменети за играчи со поголемо искуство, а исто така овие три мисии може да се рече дека доста добро се исплатуваат. На тоа се надоврзуват и фактот што на почетна страна имате 3 мисии, а не 2, како порано. Тоа е направено, заради играчите да можат полесно да ги извршат овие мисии, кои траат само 7 дена, односно до 15 март 2011 или 1211 Ден од Новиот Свет.



Мисија 1: Champions' Breakfast

Услови:
- Да надополниш 300 здравје во еден еРепублик ден (да изедеш 150 Q1 леба) (Отклучување за: 49 Злато)
- Да имаш 100 здравје (Отклучување за: 19 Злато)
- Да имаш 5 леба од било кој вид во Inventory (Отклучување за: 19 Злато)

Совети:
- Здравјето можи да го потрошите преку работење, вежбање и борење во битки
- Извршете ја оваа мисија пред да работите и вежбате (работење во своја фирма е дозволено), затоа што кога ќе излечите 300 здравје вие ќе имате 98 здравје (под услов да работите во Q1 фирма), па ќе треба да чекате наредниот ден да крените 100 здравје.
- Првин пресметалте да ли имате довлно пари за лечење на 300 Здравје

Награда:
- +30 Сила
- +2 Злато

Мислење за мисијата:
- Оваа мисија е доста исплатлива, првично заради 2 Злато, кои ќе ви дојда како рефунд на 150 Q1 лебови што ги потрошивте за лечење. Исто така оваа мисија е наменета за појаки играчи, кои имаат доволно финансиски средства.



Мисија 2: Tales of Bravery

Услови:
- Да победиш 15 пртивници во борбата против Природниот Непријател (Отклучување за: 99 Злато)
- Да се бориш 3 дена со ред (Отклучување за: 49 Злато)
- Да имаш 3 Злато на твојата сметка

Совети:
- Прво проверете кој е Природен Непријател (ПН) во Community > Country administration > Military
- Доколку не се прогласи нов ПН, преселете се во Србија и борете се против Хрватска, нивни НП

Награда:
- +75 Сила
- +750 Воени Поени

Мислење за мисијата:
- Оваа мисија е најисплатлива, поради тоа што се добиваат 75 Сила (во просек за 8 дена во Македонија) и 750 Воени Мисии (во просек за околу 5 дена во Македонија). Во оваа мисиај не се трошите многу затоа што многу мина се тепаат 3 дена со ред, победуват 15 играчи и имаат 3 Злато.



Мисија 3: Role Model

Услови:
- Да имаш најмалку 80% продктивен бонус при работење (Отклучување за: 19 Злато)
- Да имаш најмалку 80% тренинг бонус при вежбање (Отклучување за: 19 Злато)

Совети:
- Доколку сакате да ја исполните оваа мисија, прво видете дека имате минимум 2 реферали, кои даваат +20%, доколку немате искористете +100% бустер, но ова не е препорачливо. Но ако имате одете во држава со ПН, на пример Србија, затоа што добивате +10% за вежбање и потоа вежбајте со 50%.
- Што се онесува на условот со работењето, тој е многу полесен, затоа што доколку работите во фирма за железо, која е поседувана од играч, вие добивате +50% (25% од ресурс и 25% од играчот), а доколку имате 2 реферали доволено е и бесплатен бустер, кој дава +10%, ако не тогаш потребен е +50% бустер.

Награда:
- +20 Сила
- +250 Работни поени

Мислење за мисијата:
- Оваа мисија е неиплатлива и се препорачува да не се извршува, поради условот со тренирање. Оваа е наменета за играчи, чиај држава има НП и имаат минимум 2 реферали.


Доколку в треба помош про вршењето на било која мисија, обратете се на чет каналот #misii -официјална chat соба каде можете да добиете совети околу мисиите и помош при нивното извршување.



Се надеваме дека со ова ви помогнавме во разбирањето на овие 3 нови мисии, кои треба да се изврпат побрзо и се надеваме дека вие ќе го сторите тоа.Ве молиме да се претплатите на весникот на Министерството за Образование за да можете да ги прочитате сите туторијали. Исто така гласајте ги статиите на Министерството за образование за да можат што повеќе млади играчи да ги прочитаат.

Ваш,
STEFANPIPO, Министер во Министерството за Образование
Март 2011

Стручна помош:
PhoenixMK, Стручен советник во Министерството за Образование

Со почит, Тим на Министерство на Образование

Линковите до другите ОЦМ туторијали, ќе бидат додадени со нов подобар и попрегледен изглед.