Бејби-бум?? Тенкови читајте! [lazarosaMKD]

Day 1,512, 03:42 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
вторник, 10 јануари 2012
статија бр.82


Повторно на Балканот и повторно пред бришење.
Од изместениот главен град ни нецел месец не уживавме 8 ресурси а големи нервози беа додека го префрливме. Впрочем како и при секоја преселба (трета?) на главниот град.
ОНЕ сојузот не знам дали е послаб моментално (времето ќе покаже) но во секој случај (со заминувањето на Турција) не е веќе доминантен како порано.
Додека го пишувам текстов ОНЕ губи во скоро сите битки и се плашам дека ова ќе биде редовна глетка во иднина..

За денеска се најавуваше референдум во Бугарија за тоа дали ќе се потпише МПП со Турција или ќе и стават ВЕТО на нивниот полноправен прием во ЕДЕН.
Можно е и да немаат референдум зошто исходот од гласањето најверојатно би бил негативен за Турција.
Ќе видиме што ќе се случи.

Во вакви тешки времиња кога и нема многу што да се прави за да се избегне бришење, "бејби-бумот" е секогаш добредојден.
Нови играчи секогаш се потребни и подобро се привлекуваат со некаква приказна за тоа дека ни се заканува окупација на нашата земја од "лошите и злобни" комшии отколку дека имаме не знам 8-9 ресурси и како сме многу јаки и произведуваме по 18 тенкови 😃

Простор за нови играчи не знам колку има земја сме со 2 милиони жители.
Претпоставувам не постои некој поголем сајт, форум, весник, телевизија а кои не биле малтретирани за да пуштат сторија за играва 🙂
Но наше е да се обидуваме.

Сега да се обратам до сите што трошат СЖ пари за играва.
Прво да кажам дека немам намера на никого да му се мешам секој си е господар на својот живот и своите пари и секој ќе си прави како што му е по кеиф.
Во еМакедонија има неколкумина кои трошат позамашни суми на пари и има повремени тенкови кои трошат пари одвреме-навреме.
Тенкањето многу помага тоа е точно е сега сакав да предложам нешто кое претпоставувам дека и порано е кажано од некој друг не значи дека првпат сега се кажува.
Често сме сведоци играч ќе даде илјадници евра во ЕДЕН ДЕН и сепак битката ќе се изгуби.
Е сега замислете со тие илјадници евра на колку посетувани сајтови може да се добијат платени промотивни текстови за играва, банери.
Играчот кој ја плаќа рекламата ќе има свој рефферал и ем ќе донесе многу играчи со што пак помага на државата (и на виртуелната и на вистинската виртуелната - нови играчи
вистинската - наместо парите да одат во Романија одат во нашата економија)
ем ќе има рефферали кои ќе му носат злато. Замислете некој нов Romper, Scymex да се регистрираат преку рефферал.

Тоа ми стоеше подолго време во мене а го немав пишано во статија.
Колку пари имаме потрошено сите заедно за играва толку пари некои од поголемиве партии не трошат во предизборни кампањи🙂
Размислете😉
Дали е подобро да се дадат 1000 евра во една битка или со тие пари со недели да имаш банер на најпосетуваните сајтови. Со свој рефферал.


П.С Се надевам дека админите нема да ја најдат статијава дека е против нивниот бизнис (да, играва е бизнис за некого кој вработува луѓе и кои "вадат леб" од овде) зошто главната цел на статијава е да дојдеме некако до повеќе играчи (нивни нови потенцијални клиенти).


Разгласи: Бејби-бум?? Тенкови читајте! [lazarosaMKD] http://www.erepublik.com/en/article/-lazarosamkd-1-1943063/1/20