Северен Кипар и Синај [lazarosaMKD]

Day 1,495, 03:12 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
сабота, 24 декември 2011
статија бр. 80


Македонци,

како што знаете со Турција сме во бракоразводна постапка не успеа ниту брачното советувалиште Турција продолжи да не изневерува со Грција и Бугарија (и со цело маало...) моментално прашањето е кај кого ќе припадне Кипар Турците се закануваат дека ќе ни го земат и дека нема да имаме право да го видиме ниту за викенд ниту за празници со еден збор НИКОГАШ..



Северен Кипар - 5:4 е во рунди додека го пишувам текстов ајде да ја затвориме војната со Кипар. Понатаму ќе е полесно кога војуваме директно Кипар има 22 сојузници а преку востанија потешко ќе се ослободат тие се ослободија зошто вниманието ни беше насочено кон Кина. Ајде да завршиме со нив..

Моментално одбрана на 8-те ресурси е наш приоритет до кога ќе успеваме не се знае..Со Грција има договор за ненапаѓање до 5-ти Јануари ако го почитуваат тоа добро ако не ќе се млатиме со нив.
Од друга страна Турција привршува со Иран им останаа уште 3 региони (Mazandaran and Golistan, Semnan и Razavi Khorasan) кои се очекува да ги освојат во наредните 2-3 дена.
Потоа можеби ќе не нападнат нас наводно тоа е последниот услов "за да се покажат" во ЕДЕН. Во секој случај без непромислени и на своја рака пуштени закони за ПН кон Турција од 2 причини:

- моменталните околности и ситуацијата каде што ОНЕ губи скоро насекаде

- нека Турција го направи првиот чекор утре се сменуваат работите не се знае никогаш, ќе тропнат пак на наша врата да се знае кој биле клошари и "забивачи на нож во грб" 😃 Има низ нос да им излезе постојано да им се префрла кога ќе дојде времето, ако дојде.




СИНАЈ.

Внимателно и со СИНАЈ - додека сме преокупирани со С.Кипар да не забораваме и таму, моментално имаме изгубено 4 рунди.
Синај ни е мостот до Кипар.
Претходните денови имаше поделени мислења едни беа за да се врати регионот за конгресменските избори други за да не се дава на Хрватите кои се на власт во Египет.
Треба да се отвори прашањето ако треба и од официјални државни весници за преземање на власта во Египет.
Причини:

- ако веќе не соработуваме со СЖ Египќани туку со Хрвати зошто тогаш наши играчи да не раководат со Египет?

- соработката со Хрватите можеби била добра ама ако не се лажам еднаш требаше да ни пуштат ПН кон нас а му пуштија на Иран? Или ги немам точните информации што се случуваше?

- ние сме голема држава со голема популација и навистина е тешко да се влезе во Македонскиот Конгрес. По 30-тина играчи влегуваат од кои некои и по повеќе пати и реално е тешко да се стане Конгресмен. Тогаш зошто дел од играчите да не си ја пробаат својата среќа во Египетскиот конгрес?
Се разбира ова би било долгорочен проект да се држи власта таму додека не дојде солидна бројка на СЖ Египќани кои ќе можат да си ја водат државата самостојно. Сакам да кажам да не испадне земеш медал во Египет и одма напушташ Конгресот и си го враќаш МКД државјанството.

Претседател се станува во Египет со 75 гласа а Конгресмен со само 2 или 3 гласа.
Што се вика да натерате 2 класа во школо да се регистрираат во Египет ете ви можност да си играте држава. 😉
Се разбира кога ќе треба ќе ставате ПН кон Македонија оти интересите на Македонија се во прв план.

- Ако може Србија да ги контролира Обединети Арапски Емирати, Тајланд, Нов Зеланд, Саудиска Арабија можеме и ние држави кон кои имаме интерес.


Рашири: Северен Кипар и Синај [lazarosaMKD] http://www.erepublik.com/en/article/-lazarosamkd-1-1931481/1/20