Одиме ли на Исток? [lazarosaMKD]

Day 1,483, 05:22 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
понеделник, 12 декември 2011
статија бр.77


Не им се оствари планот на Турците за кој што пишував вчера.


Регионот Northern Borders го освоија лесно со 8:0 како што и се очекуваше.

Востанието во Eastern Province завршило 8:4 за востаниците.

Очекував денеска да видам битка помеѓу Турција и Саудиска Арабија во Eastern Province тоа не се случи и немам објаснување како може регионот да е нападнат од Иран освен дека се работи за некаков баг.

Иран ги има изгласано за природен непријател Обединетите Арапски Емирати а сепак го нападнале оригиналниот Саудиски регион.

Моментално водат со 4:0 и на пат се да го освојат тој регион.


Во меѓувреме, во Македонија се гласа законот за природно непријателство со Саудиска Арабија за околу 2 часа ќе помине во Конгрес.

На нас ни преостанува да го нападнеме Табук и да го освоиме осмиот ресурс - Алуминиум и со тоа ќе имаме 4 бонуси на производство на леб и жито (жито, овошје, риба и крави) и 4 бонуси на производството на тенкови и железо (нафта, железо, шалитра и алуминиум)

Можат и Турците пред нас да го нападнат Табук но не би требало зошто имаат Алуминиум во регионот Al Jawf.


Во следниот период на Македонија и преостанува да се направи некаков мировен договор со Грција со што ќе си го осигураме грбот и да се продолжи со настојувањето со Иран и другите инволвирани страни за некако да се пробиеме до Индија и Кина.

Овде уште одма да кажам дека не сум од оние играчи на кои војната со Грција "им е досадна, чмаеме во место, играчите си одат" баш напротив војната со Грција никогаш не ми е досадна и баш сметам дека причината поради која многу играчи дојдоа е баш Грција.
Не ми е досадна зошто доволно е да се отвори една новинарска статија и да се види нивната надменост, к..чење, потценување, јадење на г...., комплекс на повисока вредност и гледање од високо
за да веднаш добиеш мотив да бидат окупирани до крајот на играта па и после тоа.

Исто така треба да се знае дека Кина не е слаба и дека често прават повеќе неделна штета од нас. Војуваат со далеку послаби држави и сигурно имаат и големи залихи.
Главниот град и да се премести некаде во Индија и еве и да си ги оствариме нашите замисли (што ќе биде многу тешко ќе бара и бара многу напор, пред се дипломатија а ќе бара и многу тенкање, воена дисциплина, организација и активност) пак доволно е ЕДЕН да го нападне во востание главниот град во 2-3 часот вечер и додека да се освестиме до сабајле би го изгубиле и целиот труд и нерви ќе отидат во вода. Дополнителна отежнувачка околност е што Кина се во друга временска зона.

Но сепак Душко Аврамовски во неговата официјална кандидатура вети одење на исток исто така и второ изгласаниот Македонија до Индија го вети истото така да имавме еден вид на референдум на кој мнозинството така одлучи и ако е така нека биде така.
Да го пробаме и тоа па се надевам ќе ни помине меракот па ќе се вратиме на Грците да продолжиме да ги мачкаме на леб.

Извик: Одиме ли на Исток? [lazarosaMKD] http://www.erepublik.com/en/article/-lazarosamkd-1-1922780/1/20