Цивили, читајте! [lazarosaMKD]

Day 1,411, 10:05 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD


Цивилите се важен дел во секоја еДржава можеби не се толку активни во играва но чинат 80-90% од вкупната популација и прават значаен и битен дел од воената штета.

Зошто некој играч не е дел од некоја воена единица секој си има своја причина но воглавно се сведува на:

- нема време/не се замара да доаѓа на чет и да исполнува некои обврски кои се бараат од него

- индивидуалност наспроти тоа да бидеш дел, да припаѓаш некаде

ВАЖНО!!


Како што веќе знаете а ако не знаете ќе дознаете 🙂 од вчера админите воведоа една убава промена после која едноставно мора да се зачлените во некоја воена единица.
Секако мора само да се умре еден ден ништо друго не се мора (некои викаат дека морало и да се плаќа данок) ама ако не сте член на некоја воена единица (military unit - MU) секој ден губите по една "чоколада" (100 здравје) и една базука.
Не е малце нели?
Воените единици Ви подаваат рака, ширум ви ги отвараат "вратите", ви посакуваат ДОБРЕДОЈДЕ!

- Не мора да одите на чет
- Немате никакви задолженија и обврски
- Не мора да работите во фирми на единицата

Само треба да се зачлените во некоја MU и тоа е тоа.
Околу 3000 борци имаме во денот помножено со 10 удари (100 здравје) тоа се плус 30 илјади удари.
Да ставиме некој просек 1500 штета од еден удар тоа се потенцијални 45 милиони штета плус кои би ги правеле.
Ако сеуште немаш БХ медал можеш и да ги чуваш плочките за енергија и кога ќе имаш доволно и ако удриш на вистинското место во вистинско време со малку среќа медалот ќе биде твој!

Вчера и денеска имаше доста статии од воените единици со повик за зачленување ставете ги во коментар со задоволство ќе ги додадам во статијава.