Кој рано рани, две среќи граби;) [lazarosaMKD]

Day 1,358, 11:38 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
Добар ден Македонци!



После уште еден пораз... од Грција нивната тактика е јасна и им дава резултати.
Ја увидоа нашата моментална слаба страна дека не сме активни отсабајле и го користат тоа. Битките ги почнуваат во 5 саатот сабајле додека се освестиме веќе е 0-5 за нив и ако се вратиме во игра со некоја освоена рунда користат картички (во решавачката 8-ма мини победа првите 5 имаа над 8 милиони штета) и губиме..

Еве денеска бев сведок дека во 2-3 рунди имавме помош од сојузниците ама нас слабо не имаше и ако сам на себе не си помогнеш никој нема да ти помогне..
И 90% од играчите тоа не го ни видоа нормално и после "сојузниците недоволно ни помагаат"..

Треба нешто да промениме за да ја свртиме работата во наша корист.
Последните 2-3 рунди откако се изгласа "природното непријателство" покажаа дека со тие +10% и со мисијата "fight your biggest enemy" сме многу појаки.
Ама кога веќе се губи со 1-7 тешко е да се победи а и помош од сојузници да се добие плус ќе напнат со картичките ќе добијат со сила.
Но тоа можат да го направат еднаш-двапати не можат во секоја мини-битка и во секоја битка!

Затоа наместете го алармот отсабајле!



Разбирам дека повеќето играчи се средношколци и дека е лето, распусти и дека се спие до попладне 🙂
Наместете го алармот.



Предлог и повик и до државата да прави поделби на леб (и по некој тенк) на цивили во раните утрински часови. Тогаш сме најслаби, тогаш со ограничените ресурси ќе се постигне повеќе.
Верувајте за малце ги губиме битките а вкупната штета и на едната и на другата страна е многу помала во споредба со пладневните и вечерните битки.
Но секоја добиена мини-битка се брои!
Ајде од утре да ги свртиме нештата во наша корист, имаме +10%, ете ја и мисијата (за исполнување на мисии животот го даваме! 🙂 ), само уште да обратиме повеќе внимание (рано) сабајле.


Постарите играчи сигурно се сеќаваат на еден друг воен модул. Тогаш државата која што напаѓа удираше сама без МПП а државата која се брани, се брани со сите МПП. Немаше мини-битки имаше една битка која трае 24 часа.
Исто така имаше почетен ѕид кој зависеше од бројот на жители во регионот.
Тогаш важни беа богатите региони со ресурси и беа ретки.
Србите го држеа долго време регионот во Кина богат со железо - Liaoning.



Овој регион ги направи многу посилни, ги направи од држава со голема активна популација и перспективна држава да израснат во сила бр 1.
Поради овој регион Србите со месеци си имаа навиени аларми да ги разбудат 8:45 сабајле да проверат да не има востание.
Исто и Хрватите за да проверат дали по "5967 пат" Србија ја нападнала Славонија.
Тогаш барем не се знаеше дали ќе биде нападот/востанието за ден, недела, месец ние барем знаеме дека кај да е утре сабајле Грција ќе ни нападне уште еден регион.
Ајде во наредните денови да бидеме малце повеќе активни отсабајле и да ја превземеме иницијативата во наши раце а потоа ќе е полесно.
Кој рано рани, две среќи граби! 😉