Избори, грешка и можно решение [lazarosaMKD]

Day 1,355, 08:52 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Се уклучив на еРеп да го испукам здравјето што се насобрало, за добар ден ме пречека востание во red sea coast кое самите си го креваме... широко отворени очи и без коментар и како тоа да е не е доволно.. трагична, ненамерна грешка од Лавчан...без да ги знае последиците а и во најдобра намера за да биде претседател на сите играчи, излегол од матичната партија која го кандидираше... и играта на само 30 минути пред "да се пребројат" гласовите и официјално да стане претседател го исфрла и КепенциМКД станува претседател.

Смешна и сериозна ситуација истовремено.
Верувам ниту на Лавчан му е лесно ниту пак КепенциМКД е радосен што на ваков начин стана претседател.

Да кукаме или пак да се заебаваме, тераме сеир или не дај боже ситиме, нема леб.
Да видиме што можеме да направиме.

Мислам дека најфер ќе биде да му се остави на Лавчан да си ги истера замислите за овој месец.
Од друга страна и Кепенци ќе биде тука како официјален претседател во играва да мењава кампања на денот, да враќа на важни пораки (зошто ќе гледаат во резултатите дека тој е претседател).
Овој месец би имале двајца претседатели, две глави подобро мислат од една.
Лавчан би ја водел НБРМ и би го менаџирал неговиот владин тим.
Кепенци ќе мењава кампања на денот, ќе враќа на пораки и ќе му помага на лавчан.
И лошото за арно нека е, требало така да биде.
Нека оваа ненамерна грешка биде за арно, да бидеме обединети и да си ги вратиме нашите оригинални територии.
Да ги збиеме редовите, оружјето во рака, нека бега непријателот додека го држат нозете!
Јуриш Македонци!!!