Преселба + чет [lazarosaMKD]

Day 1,343, 10:18 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Веќе некое време сме на трето место по бројот на жителите и трети сме по бројот на борци. Логично би било дека ќе бидеме и трети по дневната направена штета но за тоа не спречува малиот број на ресурси, моментално само 4.

Како што знаете постои план за преселба во регионот Red Sea Coast кој би требало да ни биде иден главен град на државата но за тоа да се случи треба во Red Sea Coast да има повеќе жители од регионот Повардарие.
Моментално во Red sea coast има 1768 жители а во Повардарие 3016.

Затоа апелирам кој не се преселил нека го стори тоа.. 20 денари за преселба не би требало да се проблем зошто платите се 140+ мкд..
Секој ден со 4 ресурси е изгубен ден, моментално губиме многу повеќе од тие пари што ќе ги дадеме за преселба..
Само за споредба во Полска во q5 компанија произведуваат 20 тенкови а кај нас 14 тенкови. Ако имаме повеќе ресурси со дневната плата ќе можете да купите повеќе тенкови затоа што ќе бидат поефтини или пак платите ќе бидат поголеми.
Исто сите што си имате компании и си работите како менаџер со повеќе ресурси повеќе ќе произведувате, повеќе ќе се борите и ќе бидеме посилна држава.


Сега како искуство од преселбата во Умбриа и Ломбарди изгледа 2000 жители ни е максимумот.. Умбриа стана главен со 1200-1300 зошто ги пуштивме оригиналните региони а Ломбарди кој требаше да биде резерва со недели па и месеци "кампања" никогаш не стана понаселен регион од Повардарие.
Играчите кои се членови на воените единици по правило се поактивни и мобилни се исто има и активни граѓани кои следат шаути и статии ама некако 2000 "преселници" ни е максимумот..

Како да го направиме последниот најтежок чекор?


Жал ми е што деновиве немам многу време идејата ми е да се направи чет и таму да се собираат волонтери.
Најголем ефект ќе се постигне ако се селат жителите од Повардарие ако се намалува бројот од таму и се зголемува во red sea coast.
На линков може да се најдат играчите кои се онлине и кои се во Повардарие.

Ако има некој кој ќе сака да ја изреализира идејава, да отвори чет и да го рекламира и да се соберат повеќе луѓе и организирано да праќаат приватни пораки првенствено до онлине жителите на Повардарие а понатаму и до другите.
Може да се поделат присутните на четот некој до жителите на Повардарие ќе праќа пораки , некој до тие во Источна МКД, Западна, Егејска, итн..
Ќе ви донирам лебови и по некој тенк за трудот а може и владата да даде некоја награда.

Ајде да покажеме дека кога сакаме можеме што сакаме да направиме, ако решиме да поместиме планина ќе ја поместиме.



линкови: Министерство за надворешни работи - За Македонија се работи
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1828561/1/20