Време за нови даноци [lazarosaMKD]

Day 1,329, 05:10 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD



Предлог до Конгресот на еМакедонија и до Министерство за Економија
да се корегираат даноците.

Како што знаеме во играва со закон за донација дневно може да се донираат кон националните банки најмногу 99999 локална валута. Со сегашниве даноци има доста поголем прилив и вишокот се собира во economy каде што моментално има скоро 600.000 мкд.

Предлагам даноците да се корегираат до таа мера за да имаме дневно 108.000 приход.
Тие 8000 дневно во просек ќе одат за МПП. Имаме 22 МПП моментално значи 220.000 мкд месечно поделено со 30 дена = 7333 во просек дневно.

Другите 99.999 мкд дневно конгресот ги префрла во НБРМ каде што преку Државни воени резерви Министерството за Одбрана ги распределува во најголем дел за рефунд на воените единици (кои се влезени во програмата на Министерство за Одбрана) а мал дел за кога има организирано селење за помагање на сојузници, за помош со тенкови кога наши играчи трошат СЖ пари да тенкаат во битки итн.

Овој вишок од пари само се собира во играта и не користи за ништо и со намалување на даноците ќе им помогнеме на цивилите да имаат некој денар повеќе. Дали ќе го искористат за повеќе леб/тенкови и повеќе штета во битките, или за земјиште, компанија или нешто друго битно за нешто ќе се искористат а вака само ќе се трупа вишокот во economy.

Затоа предлагам да се намали Income Tax и помалку да се одбива данок од платите.
Прво видете точно колку се собира данок за 24 часа па согласно на тоа спуштете од 9% колку што е сега Income Tax на толку колку што ќе треба.
Кај сите 4 сектори: храна, оружје, жито и железо.