Нова порака! [lazarosaMKD]

Day 1,300, 04:19 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Ако не сум некоја грешка, оваа е последната и актуелна порака која ја добиваат новите играчи кога се зачленуваат во играва.
Линк.

Цитат:
"Добрeдојдовте во еМакедонија !

Упатства за играта на македонски јазик :
http://www.erepublik.com/en/newspaper/ministry-of-education-emk-215294/1

Таму ќе најдете контакт и до нашиот канал на ИРЦ – дојдете за да Ви објаснат поискусните играчи како се игра !

НАЈВАЖНО: НИКАКО НЕ СЕ БОРЕТЕ НА ПОЧЕТОКОТ и одржувајте го здравјето на 100ка !

Верувајте, ќе уживате во оваа прекрасна игра! И запаметете - НЕ СЕ БОРЕТЕ ВЕДНАШ !!!

Со почит,
Претседател на еМакедонија ' "

Поракава е застарена после новите "356-ти правила"..
Платата сега е иста за сите.
Моментална плата: 36.41 денари
цена на q1 лебот = 0.06 денари

Со една плата може да се купат 607 q1 леба што е еднакво на 1214 здравје...
Толку здравје не им е потребно што значи уште на стартот може да лупаат и со леб и со тенкови и да се развиваат.

Исто така и ова останете со 100 здравје е застарено зошто сега дали работиш со 20 или 100 здравје пак е исто.

Во новата порака ако треба и намерно да им се нагласи да се борат (само златото да го чуваат да не го поебат и него).

Можеби така ќе се намали оваа пренатрупаност со храна, тенкови и суровини макар да тешко.
Тоа што сите добија 4 бесплатни фирми беше капакот на се`.
Сега е исто како во СЖ да има само потреба од леб и млеко и секој да си произведува. Вишокот кој ќе ти го купи ако секој си произведува? Никој..
И потребата од пари е намалена.

Ова додуша ако земеме како држава изобилието од лебови и тенкови на држава со голема популација како нашата ни одговара.
Ако ви текнува едно време со левел 1 можеа да се купат 3-4 q1 леба а со левел 8-9-10 дваесетина q1 леба.
40 здравје е доволно за едно убиство сега.
Сега барем секој може да мава со лебови и со по некој тенк.
На држава со голема активна популација како нашата тоа ни одговара.
Кога на тоа ќе се додадат и неколкуте играчи-тенкови тогаш тоа е смртоносна комбинација.