Војна со Хрватска! [lazarosaMKD]

Day 1,289, 06:56 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Пред точно 22 месеци, на 1 Август 2009 во играва се родив во еХрватска.


lazarosaMKD пред 22 месеци

Како почетник во играва бев изненаден од целата таа организација со разни туторијали, министерства и грижата за новите играчи.
Престојот во еХрватска не траеше долго, само неколку денови додека не видов каде се останатите еМакедонци и додека не ги сватив односите во еСветот.
Хрватска и тогаш како и сега беше сојузник со Грција што значеше само едно, дека порано или подоцна - со нашето додавање во играва ќе станеме противници.

За овие 22 месеци еХрватите ми оставија впечаток како верен и пожртвуван сојузник кого секоја алијанса може само да посака.
Фанатични, борбени, си ја сакаат својата држава и со оглед на соседите кои ги имаат (Србија, Унгарија) многу добро им одеше во играва.

Во поглед на Македонија додека немавме држава и од Хрватите како и од сите останати народи од бивша Југославија имавме поддршка при разните петиции или артикли. Хрватите и Босанците иако знаеја дека ќе им станеме противници сепак се потпишуваа и беа за додавање на Македонија.

Дојде и тој ден кога ќе имаме директна војна со Хрватска. Нивниот закон е пуштен на гласање. Со ова мислам дека без претерување се вбројуваме во првите 5 велесили во еРеп. Не се задоволуваме со тој факт, чекориме кон врвот зашто само небото ни е граница!
Ја држевме Италија и еден регион на Швајцарија, Грците пробаа да им помогнат и тие не успеаја. Губат територии секој ден. Арогантните играчи од нашиот јужен сосед кои самобендисано ни покажуваа часовници и како тоа ни се ближи крајот, после 7 месеци конечно не нападнаа ама сметките некако не им излегоа. Се претворија во плачковци. Кој губи има право да се лути 🙂

Да бидам искрен да не не нападнеа Грците јас ќе сметав дека дури после 2-3 месеци би било погодно време за да ние нив ги нападнеме. Верувам дека така мислеа и повеќето од нас.
Ова што се случи донекаде не изненади, позитивно секако.
Може да се каже дека Грците ни направија огромна услуга што не нападнаа.

- секојдневно имаме мини-бејби бумови

- пред војната често можеа да се видат шаути дека профилот се продава/подарува сега го нема тоа

- активноста е на највисоко ниво

- голема солидарност имаше особено во првите битки се делеа тенкови, лебови не е битно дали некој поделил 1 леб или 1000 тенкови битна е намерата


Кога стана јасно дека сме посилни од Грција+Италија+Швајцарија заедно ете ни ги и Хрватите.
Кој и да биде епилогот од новиот фронт, едно е јасно. Не чекаат нови интересни денови. Многу адреналин.
Спремете се! 🙂




Дополнување: За повеќе инфо прочитајте ја статијата [MoFA - PhoenixMK] Околу воениот конфликт со Хрватска