Порака до идните (кандидати за) претседатели! [lazarosaMKD]

Day 1,257, 03:42 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Порака до сите што во иднина планираат да се кандидираат за претседател на држава...
Прво да сте спремни да си се откажете од животот во тек на 1 месец 24/7.
Кој не е спремен и не е во состојба нека биде чесен и нека не си игра со нервите на 15 илјади луѓе.
Не алудирам на никого и не вперувам прст кон никого и со текстов не сакам да подигам тензија кога и онака е подигната до степен да ти дојде да измалтретираш некоја тастатура или монитор.
Медалот претседателски не мора секој да го има ниту може секој да го има. Јас не сум за тоа ни МедиаМогул медал да има секој и во принцип не ги поддржувам ММ акциите зошто кој пишува квалитетни, издржани и пред се ПИСМЕНИ текстови кога тогаш ќе си го заслужи медалот. Било што што е заслужено во животот е послатко отколку нешто што е подарено, паднато од небо...

Да се биде претседател на држава во една скапана Р......а игра е одговорност за 15.000 луѓе. Не има секакви од сите возрасти и со секакво (не)образование. Луѓе со секакви карактери некои со краток фитил некои со дебели нерви. Претседателот треба да помирува и да ОБЕДИНУВА.
Треба да има чувство за организација за планирање на работите.

Од сите идни кандидати за претседатели ми е најбитно следново:

- дали ќе имате разбирање од дома, од родители, девојка, жена - деца, фамилија, пријатели, другари, факултет, работа, школо... што сте отсутни и што сте се залепиле за некоја игра...
Не е фер, не е човечки после 5-6 дена да се изгубите, да ве снема откако ќе ви помине "меракот"..

На располагање имам еден глас, убедете ме зошто вие сте вистинскиот избор..



п.с Сликава ја ставив онака. Таа е слика на моето моментално расположение...