Историски минимум. [lazarosaMKD]

Day 1,247, 08:38 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD


Вредноста на денарот го достигна историскиот минимум од 1 мкд = 0.006 златници.
Ситуацијата во другите земји е слична се движи од 0.005 па до 0.008.

Причината зошто вредноста на валутите паѓа а на златото расте ја објаснив со аргументи во една друга моја статија и не би се задржувал околу тоа и во оваа.

Курсот се приближува кон 0.005 а 0.005 е интересна цифра од следнава причина.
Кога бев последен пат конгресмен, во првиот конгресменски состав на еМакедонија, имаше една опција денарите да можат да се претворат во злато.
Како што можеше да се печатат пари и со 500 златници да се отпечатат 100 илјади денари така по истиот курс можеше пример со 100 илјади денари да се "направат" 500 златници.
Тоа во тоа време беше лудост зашто кај нас курсот беше 0.035 а во поглавните држави се движеше од 0.018 до 0.028. Тогаш уште админите не уфрлаа валути преку купување на суровини и производи па може да се каже дека Министерствата за Економија во еРеп државите го контролираа колку што можеа курсот. Курсот зависеше 80% од нив и 20% од богатите граѓани и манипулаторите на ММ маркетот.
Сега курсот се приближува кон 0.005 а во десетина еРеп држави веќе е реалност.

Па си мислев ова.
Кога по некоја случајност курсот би отишол на 0.004 подобро би било државата да ги откупува тие денари.
Со 1 златник би купила 250 денари а тие 250 денари со законот за "создавање" на злато би ги претворила во 1.25 златници.

Кога веќе се прашуваме до каде би можеле да тонат валутите одговорот веројатно е 0.004

Проблемот е дали сите држави би го правеле истото оти ако некоја не го прави тоа и има пониска вредност на валутата пример 0.003 или 0.002 производите и суровините ќе им бидат поефтини и со последниов економски модул прекупците од преку граница ќе носат овде и ќе шиткаат (како и до сега што се прави истото).

Од друга страна државата и нема многу што да прави со тоа "заработено" злато.
- Наместо 100 златници сега треба 10.000 денари за потпишување на МПП.
- Од државните официјални организации (како и од орг. на граѓаните) не може да се купуваат фирми ниту да се отворат нови. Постоечките мислам дека се надоградија и се искористи попустот од 50% за надоградба.


п.с Во некоја наредна статија би пишал и за даноците и за денарите што се трупаат на сметката на НБРМ. Во НБРМ би требало да има 300 до 400 илјади денари а даноците да се усогласат со трошоците за АРМ и паравоените и за Црвен Крст на Македонија и за потпишување на МПП.
Поголеми даноци од тоа не би требало да има освен ако не сакаме да рушиме некој Гинисов рекорд на прибрана валута во државна банка.
Еве и милијарда денари да имаме на сметка има некоја корист од тоа?
Подобро помали даноци и да не се зема повеќе отколку што треба.