Нулта толеранција! [lazarosaMKD]

Day 1,242, 11:31 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD


Поведувам иницијатива секоја статија и коментар кои мешаат политика и политичари од СЖ да бидат пријавувани.
Да бев модератор по кратка постапка ќе добиваа казнени поени "немаше ич око да ми трепне".
Ова не е кодошлак и молам да не отиде натаму муабетот.
Верувам дека на сите ви е преку глава од политиката и политичките препукувања во СЖ, народот е поделен и закрвен и не ни треба тоа да се пренесе и овде.

Молба до "политичариве" во играва немојте да се учите од вистинските политичари во СЖ. Немојте да ги копирате нив, нивните изрази, фрази и тресење празна слама. Или ако веќе ги копирате напуштете ја играва направете ни услуга.
Одете во СЖ партии таму лепете плакати, бидете партиски војници со среќа нека ви е кршете глава!
Оставете ја играва на тие на кои им е преку глава од СЖ и партиски пресови, спотови и политиката навлезена во сите пори на општеството.

Поракава особено важи за сите мрсулковци уште лична карта немате, ако направите некоја глупост пред законот уште родителите се одговорни за вас, во СЖ избори немате уште ни право на глас.
Помалку СЖ вести, политиканства а повеќе спорт и лична наобразба.
Жалосно е да се гледаат малолетници со речник и изрази копија на политичките митинзи и партиски пресови.
"Народот ќе ви суди", "гнасни игри" дрн дрн јариња.
Може не знаете таблица множење и делење битно кој е претседател на општински комитет на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ (стави било која друга партија) во Свирипичино тоа знаете.
Додуша не сте вие криви, криво е општеството...
Политиката е навлезена секаде...