Закон за отповикување [lazarosaMKD]

Day 1,237, 09:11 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Кога се пушти законот за отповикување (импичмент) на Претседателот вчера, немав време да пишам статија требаше да се гасам па еве сега најдов време да пишам.
Законот беше непотребен и избрзан и добро е што еве гледам дека нема да се изгласа.
Отповикување според мене е оправдано во следниве случаи:

1. Ако Претседателот е баниран.

2. Ако П. е спречен да си ја извршува функцијата.
пример: Еден претседател на еХрватска имаше смртен случај во блиската фамилија и човекот само кратко дошол на чет и пишал да го отповикаат од функцијата.
Ова не дај боже на некој да му се случи.

3. Ако се инфилтрира некој од страна како Претседател и направи некоја тешка пиздарија.
пример: Не сум запознат која земја точно беше, мислам Франција, претседателката не е СЖ Французинка се инфилтрирала во државата, станала играч од голема доверба, победила на изборите и ја ограбила целата каса.

4. Ако Претседателот без никаков референдум, без поддршка и без да праша некој ја промени алијансата.

5. Ако направи некоја необјаснива работа како на пример нападне некоја наша земја еПријател како на пример Словенија, Србија. (со други немаме заедничка граница)

Ако не сум испуштил нешто тоа би било тоа. Ниедно од ова не е исполнето што значи на Македонија до Индија треба да му се даде шанса. Дечкото си победи регуларно и нека си го тера мандатот. Критиките добронамерни се секогаш добредојдени и се во насока Претседателот и администрацијата да се подобруваат. Имаме војна и нека нема жолчни расправии и немили сцени.
Овде сите сме дојдени со иста цел.
Да се забавуваме, да се дружиме.
Да се множат зелените пиксели на мониторот.
Додека виолетовите и кафеавите да ги снема.

Порака до Македонија до Индија.
Пишувај од Претседателскиот весник. Обраќај им се на сите 15.000 играчи а не само на тие 1000 и кусур што те изгласале.
"(...)Прво да се обратам до моите гласачи. Благодарам, на секој оној кој го дал својот глас за мене. Ви ветувам дека нема да ве разочарам. (...)
Ти си сега татко на нацијата ова не е Macedonian Idol или Големиот Брат па да им даваш кисчиња на фановите xD

Со среќа мандатот и да повторам,
нека се множат зелените пиксели на мониторот. 🙂
Останете ми сите со 100 здравје!