Можност која не се пропушта! [lazarosaMKD]

Day 1,225, 04:13 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Ден 1225 ни донесе 3 новости од админите па да почнам од најважната!

1. Можност која не се пропушта! - Сите оние кои чувате злато за да еден ден ја надоградите својата компанија или компании, еве ви можност која не се пропушта!
Во следните 72 саати потребни се 50% помалку златници за надоградување на компаниите.
Наместо 20 златници за q1 компанија да ја направите q2 ќе ви требаат 10 златници.
За q2 да ја направите q3 ќе ви требаат 25 златници.
q3 во q4 потребни се 50 златници.
Од q4 во q5 потребни се 100 златници.

Вкупно, за q1 компанија да ја направите q5 потребни ќе бидат 185 златници наместо 370 како до сега.
Еве можност за паравоените да се доопремите со q5 компании исто така и за државата ако планира да отвара нови државни фирми дали за резерви или за АРМ ако планира нови единици.
Исто така и за граѓаните, овој попуст ќе трае во наредните 72 часа.

2. По 500 здравје дневно. - Од денеска имаме можност 500 здравје да користиме дневно преку храна/леб. Моја првична проценка е дека ова е добро за нашиот сојуз и дека со ова ново правило се намалува улогата на борците со платежни картички. Мислам дека од денеска ONE/NWO сојузот ќе биде уште понадмоќен во однос на противниците.

3. Добивме 3 нови мисии кои треба да се исполнат во следните 72 часа т.е до денот 1228.
Special Bonus Health:
- Еднаш треба да се сработи со 200% бустер.
- 500 здравје да се потроши во еден ден.
- Да имате под 25 здравје. - Прво исполнете ги првите 2 услови па на крај последниов услов.
Награда:
+ 15 сила
една "енергетска плочка" која го надополнува здравјето на 100.


Special training:
- Еднаш треба да се тренира со Наполеон (200% бустер).
- Треба човечето/профилот да биде преселен во оригинален регион (значи за тие со државјанство на Македонија: Источна, Повардарие и Западна)
Награда:
+ 15 сила
+ 100 воен ранк

Hit and go!
- Треба 50 противници да се "утепаат".
- Да имаш 100 здравје.
Награда:
+ 20 сила
+ 1000 воен ранк




ЕДИТ: 500 сила дневно може да се користат до ден 1228 (уште 3 дена...)
После по старо..