[Министерство За Образование]Здравје (Health)

Day 1,363, 07:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie


Овој туторијал го посветуваме на Здравјето (Health), кое е и воедно највазната работа во еЖивотот на секој играч. Многубројните промени кои се случија, во најголема мера се однесуваат на здравјето, што е и проблем за новите играчи.



Со самото регистрирање на eRepublik, секој нов играч добива q1 Town Center кој му дава по 100 здравје. Играчот има можност, потрошеното здравје да го поврати за 1 час, така што на секој изминат 1 час има нови 100 на располагање.
Q1 Town Center може да се надогради во q2 Town Center, па се до q5, во зависност од исполување на барањата за надоградување. За секој нов играч, како за почеток е пожелно да го надогради својот Town Center во q2, така што ке има по 200 Health recovery.





Начини на кои можете да го изгубите здравјето:
1. Работа: со самото работење во фирма губите по 10 здравје, без разлика за каква фирма станува збор. И со работата во секоја од вашите фирми, исто така губите по 10 здравје. Да напоменам, не е битно со колку здравје ке сработите, исто произведувате во секој случај. 🙂
2. Тренинг: за секое тренирање трошите по 10 здравје. Исто и тука, не е важно дали ке тренирате со 100 или со 50 здравје.
3. Борба: при секој ваш удар во битка губите по 10 здравје.
4. Селење: доколку се селите со карта (ticket), ви одзема здравје во зависност од квалитетот на картата сто ја користите. Но, со новите измени, можете да се селите без карта, при што плакате одредена сума на мкд (20, 40, 60, 80..) во зависност од далечината, и при тоа не губите од вашето здравје.



Начини на кои можете да го повратите вашето здравје:



1. Храна: еден од основните начини на надополнување на вашето здравје е со користење на храна. Истата можете да ја добиете со работење во ваша фирма за леб, како и да купите од маркет. На маркетот имате 5 понуди за леб, од кои q1 (добивате 2 hp), q2 (добивате 4hp), q3 (добивате 6hp), q4 (добивате 8hp) и q5 (добивате 10hp).
2. Болници: доколку на почеток на некоја битка има болница, можете да ја искористите, со што најмногу можете да добиете 50 здравје.
На следниов линк можете да проверите во кои битки имате болница http://erepublik-market.com/hospital.html
3. Energy bar: секој energy bar ви носи 100 здравје. Истиот можете да го добиете како награда при секое постигнување на повисок ранк, или пак при исполнување на некоја мисија.
4. Health kit: имате мозност да се лечите со голд, така што за 0,5 голд добивате 10 здравје. Ова не се препорачува за новите играчи, подобро голдот да го потрошат за бустер. 🙂



Важно: Доколку се борите во битка, вашето здравје можете да го потрошите до 0, нема да ви умре профилот, не се секирајте 😃 . Но, доколку имате под 10 здравје, неможете да работите и тренирате. Не трошете голд за да се лечите, подобро тренирајте.



Со почит,
Министерство за Образование на еМакедонија


Министер за Образование:
Viki MKD

Заменици:
Captain Igor
MKD Foreverrr
Знаењето е сила, знаењето е моќ!