Каубојска дипломатија [El Che]

Day 1,687, 14:28 Published in North Macedonia Cuba by Klaus Hargreeves

Добра вечер Македонија ,каде и да си.

Дипломатија

Зборот "дипломатија" потекнува од грчкиот збор диплома, Во Античка Грција дипломата била државен документ кој се давал на определено лице како препорака или уверение за неговите официјални овластувања да ја преставува државата во други земји.

Дипломатија е уметност и пракса на водење на преговори меѓу овластени личности, кои претставуваат групи или нации.

превземено од Википедија

Не секој може да биде Дипломат

Треба работа,време,труд,трпеливост,информираност...

Редно време е да се прекине со таканаречената каубојска дипломатија.

Кога нешто не ти одговара,веднаш се оди на екстремни и често контракдикторни опции и решенија.

Секаде има тролови и играчи од различен калибар.

Знаете ли колку проблеми во надворешната политика во мојот Мандат ни созадаваа одредени наши играчи и воени единици .И сето тоа се решаваше на политички начин,со ладна глава,смирено...

Не смее и не може заради одредени поединци да се генерализира цела една нација и држава.

Кога си во друштво со големите,треба да знаеш да играш на големо...

И никогаш не расипувај го она кое долго време претходно е градено.

И на крај

Сите до еден знаеме што сме и кој сме

Нема потреба егото да ни се полни со нечие признание или потврда.

Тука сме од памтивек и секогаш ќе останеме она што сме - МАКЕДОНЦИ

П.С.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА